Мозокот најбрзо расте во првите денови

0

Користејќи ја напредната технологија на скенирање, американските научници откриле дека мозоците на момчињата растат побрзо отколку на девојчињата. Било утврдено и дека најбрзо се развива делот од мозокот задолжен за моторика додека побавно напредува делот поврзан со помнењето.

Експертите велат дека овие податоци ќе им помогнат во идентификувањето на разните знаци на развој на одредени пореметувања како што е аутизмот. Со векови научниците го проучувале развојот на мозокот мерејќи го обемот на главата на бебињата. Потоа ги следеле евентуалните отстапувања од нормалниот ритам како можен знак за одреден проблем. Бидејќи облиците на главите варираат, таквите мерења не биле секогаш прецизни.

Научниците од калифорнискиот универзитет скенирале мозоци на 87 здрави бебиња од раѓањето до возраст од 3 месеци. Откриле дека мозокот најбрзо расте по раѓањето, се зголемува за 1% дневно, а кон крајот на првото тромесечје забавува на 0,4% дневно. Најбрз степен на раст имало во малиот мозок, кој е задолжен за контрола на движењата. Најбавно растел хипокампусот, дел од мозокот задолжен за помнење.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.