Моментите кога познатите личности го допреле дното – инспиративни приказни

0

Патот до успехот е една од најтешките работи со кои мораме да се соочиме во животот. Секогаш кога ќе паднеме, ни се чини дека немаме сила да станеме или не сакаме да продолжиме понатаму.

Следните неколку приказни на познати луѓе вистински ќе ве инспирираат од причина што и тие некогаш го допреле дното и успеале да се издигнат не само од калта, туку многу повисоко.

Волт Дизни

Тој, како и сите луѓе имал неуспеси во животот – бил отпуштен од неговата работа во весникот „Канзас Сити Стар“ заради „недостаток на имагинација и добри идеи“. Неговите вртежи со Мики Маус биле одбиени затоа што биле сметани како многу страшни за жените.

„Трите прасиња“ исто така му биле одбиени само заради тоа што имало 4 карактери. Неговиот прв бизнис, студио за анимација „ Laugh-O-Gram “ пропаднал со банкрот. Неговите неуспеси ги надминал и ја изградил компанијата Волт Дизни, чија вредност денес изнесува милијарди долари. Гласините велат дека бил одбиен 302 пати пред да најде финансиери за „ Walt Disney Company “.

Харисон Форд

Пред да стане Хан Соло и Индијана Џонс, Хариосн Форд работел како столар во своите 30-ти години, борејќи се за пристојна заработка со која ќе ја прехрани фамилијата. Имал мали улоги повремено во ТВ серии, но не биле доволни за да може да одгледува семејство. Затоа, станал столар.

Градел шкафови за куќата на Џорџ Лукас, а режисерот му понудил споредна улога во филмот  “American Graffiti” кога имал 29 години. Но, големиот пробив се случил 6 години подоцна со улогата на Хан Соло во Star Wars, филм на Лукас.

Силвестер Сталоне

Сталоне има тежок живот пред да го добие статусот на холивудска ѕвезда. Во неговите 20-ти години, работел сè и сешто, а бил толку без пари што морал да го продаде накитот на неговата сопруга. Заради финансискиот очaј во кој се наоѓал, си го продал кучето на тотален странец за 25 долари. Големиот успех го доживеал подоцна со улогата во филмот „Роки“ која го вивна во ѕвездите.А со првиот хонорар од си го купил назад кучето за 150 000 долари.

 

Доналд Трамп

Новиот претседател на САД во минатото бил во долгови кои изнесувале 1 милијарда долари. Во раните 90-ти поседувал весници и му одело добро. Еден ден, одејќи со ќерка му по улица, здогледале бездомник, а тој се свртел кон ќерка му и ѝрекол: „Го гледаш оној човек? Тој има милијарда долари повеќе од мене“. За себе ќе каже дека тоа било најдолната точка во неговиот живот, времето кога банкротирал. Со финансискиот преверт кој го направил, влегол во Гинисовата книга на рекорди. Од долгови кои изнесувале 1 милијарда, денес неговата вредност се проценува на 4,5 милијарди.

Алберт Ајнштајн

Овој генијалец не можел да зборува до 4 година од неговиот живот и не знаел да чита до 7 години. Неговите родители и учители мислел дека има ментални проблеми и дека е асоцијален. Бил избркан од училиште.

Денес Ајнштајн е пример за генијалец, човекот кој го промени светот со своите изуми.

Абрахам Линколн

Кога бил млад, Линколн бил капетан од војска кој се вратил со понизок чин, како ниско рангиран војни. Провал многу бизниси кои му пропаднале.

Доаѓајќи од многу сиромашно семејство, сепак станал успешем адвокат. Се кандидирал во јавното обвинителство неколку пати, но бил одбиен. Но, тоа не го одвратило од идејата да стане претседател на САД.

Томас Едисон

Неговите учители велеле дека „е многу глупав за да научи нешто“, затоа неговата мајка морала дома да го подичува сама. Бил отпуштен од две работни места, заради непродуктивност. Денес, тој се смета за еден од најголемите иноватори на сите времиња.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.