Млади и успешни – кои се децата што срушија светски рекорди

0

Кога младите прават големи работи што не се својствени за нивната возраст, тогаш вреди да се спомнат и да се каже нивниот успех.

Прочитајте кои се најмладите луѓе на светот кои влегле во Гинисовата книга на рекорди по своите успеси:

Најмладата вработена во Microsoft

Афра Карим Рандхава е девојче од Пакистан кое на 10 години успеала да го положи најтешкиот испит кој го полагаат сите кои сакаат да работата во Microsoft. Откако го положила, побарала од Бил Гејтс да ја вработи, на што одговорил со понуда за стажирање и добронамерно и понудил уште некоја година да остане во школските клупи.

Најмладиот на Монт Еверест

Темва Тшери е момче од Непал кое планинарело со група француски планинари. Темва се искачил на врвот на Монт Еверест во 2001 година , а тогаш имал само 16 години. Мислите дека е лесно? Тогаш земете го предвид фактот што планината е висока 8.848 метри и секоја година зема жртви заради тежината.

Најмладиот преку Атлантикот

Во јануари 2007 година, четиринаесетгодишниот Англичанец Мајкл Перхам го заврши патувањето околу Атлантикот кое траеше околу 6 недели. Тоа што е најинтересно е дека овој подвиг го направи сосема сам!

Најмладата студентка на Оксфорд

Единаесет годишното девојче Рут Елка Лоренс во 1981 година го положила приемениот испит по математика на Оксофорд и станала најмладата личност која некогаш зачекорила на овој Универзитет. Татко и бил секој ден со неа на предавањата, а таа го завршила за две години.

Најмладиот лекар со диплома

Според Гинисовата книга на рекорди, Баламури Амбати е најмладиот лекар во историјата. На 13 години дипломирал на Универзитетот во Њујорк, а на 17 го завршил и медицинскиот факултет. На 18 години станал најмладиот лекар.

Намладата голферка

Американката Мишел Ви во 2004 година со само 14 години била шампион во голф освојувајќи голферски шампион.

Најмладата оскаровка

Во 1974 година Татум Онил станала најмладата оскаровка за улогата во филмот “Месечина  од хартија” која во тоа време имала 10 години.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот