Митовите за Шекспир: дали тој навистина ги напишал своите дела?

0

Вилијам Шекспир е едно од најголемите имиња во книжевноста, па не чуди фактот што постојат голем број на теории и контроверзии околу неговиот живот и дела.

Гласините дека Шекспировите љубовни сонети биле посветени на мажи своевремено дигнаа голема прашина. Според зборовите на Лени Орлин, професорка на Универзитетот во Џорџтаун, Шекспир ги пишувал своите сонети инспириран подеднакво и од мажите и од жените.

„Големиот талент на Шекспир, меѓу другото се гледа и во тоа што со помош на својата имагинација успеал да оживее најразлични ликови во своите сонети.“ – вели професорката Орлин

„Некои елементи укажуваат на тоа дека песните се инспирирани од неговиот живот, но не е целосно утврдено дека неговите сонети се автобиографски. Шекспир, очигледно сакал да им посветува песни на младите мажи и жени, но тешко е да се докаже кои се тие луѓе на кои им се обраќал и дали тие ликови постоеле во неговиот живот.“ – додава Лени, која смета дека гласините околу сексуалната определба на Шекспир е невозможно да се третираат како точни.

Освен овие, околу името на големиот писател Шекспир се вртат уште неколку митови кои сè уште се актуелни.

Дали Шекспир ја мразел својата сопруга?

Митот дека Шекспир ја мразел својата сопруга се создал во 19-тиот век, а ваквиот став е заснован на тоа дека неговата сопруга Ен не била спомената во неговите дела. Исто така, постоеле и гласини дека Шекспир имал многу афери надвор од бракот, но ниту еден цврст доказ не може да го потврди овој мит. Сепак, по смртта на Шекспир, тој на сопругата и оставил значаен дел од своето богатство, што значи дека сепак се грижел за неа.

Дали Шекспир бил необразован?

Иако учел во основното училиште во родниот Стратфорд каде учеле децата на богатите семејства, Шекспир не продолжил со своето шоколување. Но, професорката Орлин смета дека тоа никако не значи дека тој не добил класично образование.

„Во времето кога Шекспир учел дури и основното образование се спроведувало на латински јазик и критериумите и правилата биле многу строги, речиси незамисливи за денешно време“ – вели оваа професорка која го има проучено животот и делото на Шекспир.

Дали тој е автор на сите свои дела?

„Сè до деветнаесеттиот век не постоела никаква дилема околу тоа дали самиот Шекспир е автор на своите дела, но се појавила Американката Дела Бејкон која се одлучила да лансира друга теорија во јавноста. Имено, Бејкон сметала дека сер Френсис Бејкон, англиски филозоф, правник, државник и воедно нејзин родинина, вусшност напишал голем дел од текстовите кои му се препишуваат како заслуга на Шекспир.“ – постетува оваа професорка

Иако своевремено, Бејкон успеала да ја разбранува јавноста, теоријата не добила многу на значење во годините што следеле, со оглед на тоа што постојат уште осумдесеттина луѓе кои се посочуваат како можни писатели на шекспировите дела.

Сепак, колку митови и да постојат за Шекспир, светот и ден – денес , векови по неговата смрт, ги чита неговите книги, режисерите ги поставуваат на сцена неговите претстави, а актерите уживаат оживувајќи ги неговите познати ликови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.