Митови за вежбањето во кои не треба да верувате

0

Вежбањето е составен дел од животот и секој од нас треба да го практикува неколку пати во текот на неделата. Но, заради неинформираност,луѓето честопати се разочаруваат од (не)постигнатите резултати.

Во продолжение прочитајте неколку верувања околу вежбањето кои се докажале како неточни.

Болка во мускулите

Ако вежбате и имате болки во мускулите вие сте на вистински пат до супер тело, што значи дека вежбите се ефикасни.Вистината е дека болката треба да ја чувствувате на почеток на вежбањето, додека телото не е навиканто на напорот.Но, доколку постојано вежбате и и чувствувате болка, тогаш нешто не е во ред. Консултирајте стручно лице.

Ако не се потите, тоа значи дека правите нешто погрешно

Преку потењето се губи водата во телото, тоа во никој случај не е знак дека има квалитет во вежбањето и треба да оставите се на овој заклучок. Надополнете ја изгубената течност.

Истегнувањето на отстранува болката

Истегнувањето помага да се подготват мускулите на телото за напорот, а не е терапија за болки.

Мускулите ќе се направат масно ткиво ако не вежбате

Уште еден мит на кој не треба да верувате. Тука се работи за различни ткива изградени од различни клетки. Во моментот кога ќе престанете да вежбате, мускулите остануваат исто, но заради неупотребеност не се забележуваат, а доминираат мастите. Затоа на луѓето има се чини дека постои претопување.

Преку стомачни вежби се топат стомачните наслаги

Добро е познато дека прво треба да се регулира исхраната, да се намали салото на стомакот, а потоа да се посветите на стомачните вежби. Во спротивно, тие нема да имаат ефект.

Потребно е да се вежба секој ден за совршено тело

Не е точно. Препорачливо е 3-4 пати неделно бидејќи и на телото му треба одмор.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.