Митови за сексот – во што верувате вие?

0

Постојат некои „факти“ кои ги знаеме сите, но овој пат истите се урнати со научни докази.

Мит: Со сексот можете да согорите многу калории

Вистина е дека експертите проценуваат дека со 30-минутен секс можат да се согорат од 85 до 100 калории. Но од друга страна, факт е дека треба да согорите 3.500 калории за да изгубите половина килограм телесна тежина, што значи дека доколку трошите 100 калории при еден сексуален однос, со партнерот би требало да спиете 70 пати за да изгубите еден килограм. А проблемот дополнително се крие и во тоа што повеќето луѓе немаат сексуален однос кој трае половина час туку 10-15 минути.

Мит: Постои 10 години разлика меѓу врвот во сексуалното созревање кај мажите и жените

Тестостеронот кај мажот својот врв го достигнува околу нивната 18 година, но нивото на естрогенот кај жените го достигнува својот врв во нивните 20ти. Бидејќи ниското ниво на хормони е поврзано со помала желба за секс, некои си го поврзале тоа дека кога имате највисоко ниво на хормони во оганизмот, и вашата сексуалност доживува врв. Сепак, сексуалната желба е променлива варијабила и зависи од многу повеќе фактори отколку само од годините. Во текот на животот ќе доживеете многу падови и искачувања на либидото.

Мит: Од сексот може да се добие срцев удар

Зачестените сексуални односи се всушност поврзани со здравјето на срцето. Во едно истражување било докажано дека мажите кои имале 2-3 пати или повеќе сексуални односи во текот на седмицата, имале помали шанси да заболат од срцеви заболувања. Исто така, мала е шансата да се добие срцев удар за време на сексот. Фрамингамовото истражување за срцето покажало дека мажите кои немаат дијабетес и не пушат имаат шанса да добијат срцев удар за време на сексот 1:1 000 000 000. Ако пак веќе имате проблеми со срцето, знајте дека при сексот не се оптоварувате толку многу, туку како да сте се качиле пешки на вториот кат.

Мит: Чоколадото ќе ве возбуди

Неколку истражувања покажаа дека чоколадото е поврзано со понизок крвен притисок и подобро функционирање на крвните садови, што би можело да му помогне на машкиот полов орган подобро да функционира за време на ерекцијата. Чоколадото исто така може да поттикне мала продукција на серотонин, поради кој сме подобро расположени, а подобро расположените луѓе веројатно се и порасположени за секс. Во тоа се крие таа мистична поврзаност.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.