Милано- Престолнина на мода и историја

0

Милано, град со широки булевари, прави улици, сосема свој и поразличен од останатите во негова близина. Место каде модата, операта и ренесансата како да извираат од секое ќоше на кое ќе наидете.

Насмевки на лице, удобни чевли и пријател под рака, се првото и последното што ќе го видите овде. Безгрижни лица на жителите, мислиш годините не ги стигаат, па ниедна бора на лицето не се појавила.

Овој космополитски град, некогаш скоро сопственост на фамилиите Висконти и Сфорца, денес е преполн туристи кои секојдневно доаѓаат да ја уживаат оваа италијанска магија.

Вонвременски брендирани парчиња гардероба, кои никогаш не излегуваат од мода, а за среќа на туристите и често се на попуст.

Како турист, неопходен ви е фото апарат со поголема меморија, бидејќи на секој чекор понатаму од вашата прошетка ќе сретнете нешто ново. Нешто невообичаено, нешто што ќе сакате да го запаметите засекогаш.

Комуникацијата ќе биде потешка, доколку немате познавање на италијанскиот јазик. Овде луѓето не баш го користат при разговор. Голем дел од нив не разбират. Не сакаат или немаат зошто. Ним им е убаво да ви се обратат на нивниот јазик, а ваше е дали ќе успеете да разберете. Вие сте оние кои се дојдени кај нив, а во туѓа куќа има туѓи правила.

Но, доколку залутате или ви треба насока за следниот правец, овие љубезни Миланези веднаш ќе ви излезат во пресрет. Доколку не знаете каде сакате да одите, од сите нив ќе чуете дека задолжително мора да го посетите плоштадот Дуомо.

about-panoramav

Плоштадот Дуомо, четврт по големина во светот. А тука, Миланската катедрала препознатлива по готичка архитектура и вистинска уметност. Италија во мало.

Овде, запира времето. Целиот град Милано е диктиран по катедралата, бидејќи сите улици водат овде. Преполн народ, без годишни времиња, без ден и ноќ, градот овде живее 24 часа.

Недалеку од него, вниманието целосно ќе ви го окупира галeријата Виторио Емануел или најстариот светски шопинг центар. Продавниците на врвните италијански креатори ќе ве остават без зборови. А изборот овде, Guchi, Prada, Dolce&Gabana, ќе ве остават со празен новчаник.

vittorioc

Ако не сте расположени за трошење многу, веднаш на улицата зад аголот ќе ги најдете познатите продавачи на копии “не се крадени, подарени се“, каде истото парче кое ви го одзема вниманието но и способноста за рационално размислување, ќе го најдете за 20 до 50 долари.

Два пати годишно, овде се случува Миланската модна недела. Доколку имате среќа патувањето да го направите во тој период е вистинска добивка. Ќе се изнагледате убавини. Модни писти на улица, минувачи  во дизајнерска гардероба уште “топла“ од производство и познати личности на два метра од вас.

milanm

Она што можете да си го дозволите во секој случај е вкусната храна. Пица во изобилие, никогаш доста. Сицилијанските колачи со марципан ќе направат да помислите дека никогаш досега не сте јаделе ништо толку слатко.

Доколку сакате опера и имате повеќе среќа, но мислам навистина среќа, ќе успеете да набавите карта за “Тоска“ и да изгледате изведба на Верди или Карузо која сигурно ќе ја раскажувате на внуците до крајот на животот. Доколку не успеете, прошетајте низ музејот или видете ја салата, нема да зажалите. Иако, архитектонски нема да бидете воодушевени, фактот дека овде настапувале најдобрите тенори на светот, ќе направат да се почувствувате важно и значајно.

И за крај, но не и последно важно за посетување, стадионот “Сан Сиро“. Подеднакво привлечен и за мажите и жените, стадион на кој својата историја и успех ја градеа Милан и Интер. Меѓу другото, да се потсетиме дека овој град беше домаќин и на Светското и Европско првенство во фудбал.

maxresdefaultl

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.