Математичар пресметал до кога може да ја снема нашата цивилизација

0

Не треба да се верува во сè што ќе се слушне, но кога доаѓа од страна на професор, тогаш остава простор за двоумење.

Доктор Фергус Симпсон од Универизтетот во Барселона е математичар кој тврди дека успеал да пресмета колкави се шансите нашата цивилизација да ја снема.

Тој открил дека шансите 1 спрема 500 да не снема до крајот на следната година. Звучи апсурдно, но тој вели дека шансите за ова се 0,2 % да се случи глобална катастрофа.

Што се однесува до следниот век, таа бројка се зголемува на загрижувачки 13%, пишува Индепендет.

Неговите пресметки се базирани на основа за аргументи за Судниот ден, за кои тврди дека може да се пресмета бројката на луѓето кои ќе се родат во иднина на основа на проценка на вкупниот број луѓе кои досега се родени.

Тој ги истакнува и ризиците од крај на нашиот свет:

„Во време кога најмалку 8 држави поседуваат нуклеарно оружје, би било многу неодговорно и опасно да се чува главата во песок. Истражувањата за било какви глобални ризици треба итно да се направат за да се сфати опасноста“.

Сега останува на нас дали ќе веруваме да математичките пресметки или пак ќе ја оставиме тешката математика на тие кои најдобро се  снаоѓаат во таа област.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.