Маргарита за милијардери- една чаша 1.200 долари

0

Хотелот „London“ во Њујорк покрај луксузниот изглед и комфорт, на своите гости им го понуди и овој ексклузивен пијалок…

Сигурно се прашувате како изгледа тој пијалок од 1.200 долари?
Во прашање е неверојатниот вкус наречен „ Patrón en Lalique Serie 1“.

Пијалокот покрај тоа што е скап се произведува во ограничени колични- до сега се произведени само 500 примероци.
Цената на цело шише изнесува 7.500 долари, а една чаша од овој феноменален пијалок од џеб ќе ви извлече 1.200 долари.
muski-magazin-lifestyle-hedonizam-pice-margarita-alkohol (2)Џејсон Голдстин е креатор на луксузниот пијалок, а негова замисла била да создаде пијалок за уживање само за милијардери. Поради тоа ликерот го добива прекарот „пијалок за милијардери“. Засега ова претставува нова атракција за барот во хотелот.

Цитрусниот вкус и неодоливата арома ќе ви ги разбуди сите сетила и ќе ви помогне да се опуштите и да уживате со пријателите. Но, доколку се опуштите премногу, би можеле да останете без пари. 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот