Мали тајни кои ќе ве направат големи готвачи

0

За многумина, да си вешт готвач и одлична домаќинка е „виша математика“. Но, не сè е така комплицирано како што изгледа. Важно е секогаш да се придржувате до рецептот по кој го приготвувате оброкот и секогаш при рака да имате по некој трик кој ќе ве направи одлични во кујната.

Кога печете компири, наместо со масло печете си го путер. За подобар вкус, додадете ситно исецкано младо кромитче, коцка за супа и малку нане.

Супата ќе биде повкусна доколку и додадете шафран.

За да подготвите совршено пилешко месо, без разлика дали го пржите или печете, најпрвин добро издинстајте го.

Меленото месо подобро ќе се обликува ако во него додадете малку сода бикарбона.

Наместо со киселина, салатите подготвувајте ги со лимонов сок, особено зелените салати.

tajni gotvenje (2)

Доколку сакате екстра брзо да направите солен колач, во една тава премачкана со путер, ставете кесичка лебни трошки, ситно исецкани компири и моркови, изренадени сувомеснати производи по ваш вкус и потурете со две – три јајца кои ќе ги изматите заедно со сол, црна бибер, вегета и малку оригано. Печете четириесетина минути на тивок оган.

Кој било кремаст сос, односно сос кој содржи павлака ќе биде повкусен доколку го правите со малку босилек.

Секогаш имајте кромид и лук во прав. Тоа може многу да ви ја олесни работата, особено кога треба ситно да ги сецкате.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот