Мал, но моќен звучник кој изгледа како чанта

0

Квалитетната репродукција на звукот е имплементирана во сјаен дизајн кој на прв поглед не изгледа како функционален за својата намена. Технологијата која истовремено го нагласува едноставниот, но софистициран дизајн, на пазарот не е некоја новост. По таа идеја се води и дизајнерскиот тим Вифа, кои неодамна претставија импресивен блутут звучник, а кој покрај беспрекорниот квалитет од репродукцијата на звукот, воодушевува и со својата компактност и ненаметлив изглед.

Го нарекуваат Осло, а со своите минималистички линии неодоливо потсетува на моден додаток кој сакате да го понесете со себе како чанта. Интерсно е тоа што со својот дизајн воопшто не остава впечаток дека е звучник, со оглед на тоа дека дизајнерите ги здружија силите со компанија од Данска позната по својот фин текстил од кој е направена надворешноста.

Со тој потег корисниците се осигураа дека овој мал, но моќен аудио елемент ќе се вклопи во секакво опкружување. Освен звучникот Осло, претставени се и моделите Хелсинки, Копенхаген и Стокхолм.

zvucnik2

 

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот