Луксузно патување низ времето- воз за вистински хедонисти

0

Венецијанскиот Simplon- Orient-Express со својот винтиџ луксуз и дух кој ги претставува 20-тите и 30-тите години од минатиот век, ќе ве однесе во некое минато време за кое досега единствено сте можеле да гледате на филмовите.

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (10)

Светкав кристал, ентериер од највисока класа и храна од најдобрите ресторани и сè тоа во движење. Овој воз е идеално место за романтична прошетка или можеби место за венчавка од соништата.

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (5)

Барот, кој е во сина и златна нијанса претставува цела една историја. Место каде ќе се чувствувате како вистински припадник на некое кралско семејство. Кавијар, слатки коктели и врвни специјалитети кои ќе ви го одземат здивот и ќе ве освојат на првиот залак.

Овој воз патува низ Европа од март до ноември, секоја година. Цената на ова задоволство изнесува 3.300 долари по личност, а со тоа добивате двојна кабина и сите оброци кои се сервираат.

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (7)

За вистински хедонисти, зар не?

 

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (9)

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (3)

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (2)

luksuz-restoran-dizajn-orient-express (4)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.