Луди Гинисови рекорди

0

Гинисовата Книга на Светски Рекорди е референцијална книга која се објавува секоја година и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња. Еве ги најлудите, најзабавни и најинтересни Гинисови рекорди.

Светски познатиот рапер Еминем е во Гинисовата книга на рекорди како сопственик на хит кој што содржи најголем број на зборови. Во неговата песна “Rap God”, тој со неверојатна брзина успеа да изрецитира 1.560 зборови за време од 6 минути и 4 секунди, односно, 4,28 збора во секунда, а во дел од песната дури и 97 зборови во 15 секунди (6,46 во секунда).

На фестивалот Muckno Mania во Монаган, Ирска, на 18 јули 2008 година, 1.253 луѓе се облекле како штрумфови.

Најголемиот џебен нож во светот е висок 3,9 м и тежи 122 кг. Ножот е дизајниран од Телмо Чадавес од Португалија.

Најтешкиот лимон во светот тежи 5,265 кг. Одгледан е во Израел на фармата на Kfar Zeitim, во 2003та година.

Тајланѓанката Канчана Кеткаев живеела 33 дена во стаклена просторија од 12 метри квадратни со 5.320 скорпии и за тоа време била избодена 13 пати.

Кинезот  Јин Сонгао го има рекордот за најдолго време поминато во директен контакт на целото тело со снег – тој издржал 46 минути и седум секунди.

42d1ffa9-4fd2-4dd9-bdb9-1fcd45979fd8

Гери Тарнер од Велика Британија може да ја растегне сопствената кожа од стомакот во должина од 15,8 см. Гери има ретка состојба наречена Елерс-Данлос синдром, неправилност на сврзното ткиво кое ги напаѓа кожата, лигаментите и внатрешните органи.

Кучето Харбор од Булдер во Колорадо влезе во Гинисовата книга на рекорди затоа што има најдолги уши. Неговото лево уво е долго 31 сантиметар, а десното 34 сантиметри.

Анита Шварц од Германија, на 9 ноември 2008 година ја доби Гинисовата награда за носење најмногу кригли со пиво на патека долга над 40 метри. Со двете раце носела деветнаесет кригли.

b3cc4132-2442-4dd7-83b6-a79553f890f1

Ник Бенет (47) од Велика Британија поседува најголема колекција на сувенири поврзани со филмот за Џејмс Бонд. Тој има дури 12.463 такви предмети.

Ник Стоберл (24) од Калифрнија влезе во книгата за рекорди бидејќи е човек со најдолг јазик на светот. Испружен јазикот на ова момче е долг дури 10,1 сантиметри од врвот до местото каде што се допира со горната усна.

673c8fe5-a1bb-4617-84db-f3f4be1e648d

Романија го постави рекордот за најголемо национално знаме во светот поставено на поле во близина на Букурешт. Тоа е долго 350 метри и широко 226 метри.

Кинезот Веи Шенгцу забил најголем број игли во својата глава, дури 2.009.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.