Колку зборови познавате?

0

Дали некогаш сте размислите колку зборови знаете, колкав е нивниот број? Ова е прашање на кое тешко може да се даде одговор, но некои истражувачи решиле да се позанимаваат со ова и направиле тестирање во Англија. Резултатите покажале дека еден просечен Англичанец познава 42 000 збора.

Тестот добил интернационална популарност, а биле направени слични тестови и на шпански.

Интересно е тоа што тестот не го решваат само луѓето кој им е мајчин јазик англискиот или шпанскиот, туку сите кои ќе дојдат до него.

Англискиот тест досега го пополниле 1 милион луѓе. За да се пополни потребни се само 4 минути, а вирално се шири на Фејсбук и Твитер, што им олеснува на стручњаците во собирање на количина на податоци.

Тестот е едноставен. Луѓето треба да одговорат дали во јазикот постои зборот кој го гледаат на монитор или пак е измислен. Во базата на тестот има вкупно 62 илјади зборови, а испитаникот од тоа добива само 70 зборови и 30 низи од букви кои изгледаат како зборови, а всушност не се.

Тие мораат да одговараат на лични прашања за годините, полот, образованието и јазикот.

Уште еден податок до кој дошле е: како луѓето стареат, така се побогати со зборовите, односно секој втор ден учат по еден нов збор – така што до 60-тиот роденден познаваат 48 000 зборови.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.