Колку сте попаметни, толку е поверојатно дека ќе останете сингл

0

Запрашани каков партнер сакаат, повеќето мажи и жени ќе ја стават интелигенцијата високо на приоритетната скала, заедно со убавината, шармот и хуморот. И ова, по некоја логика, би значело дека, колку е некој поинтелигентен, толку ќе му е полесно да најде партнер во животот.

Во реалноста, сепак, не е така. Психолозите сметаат дека колку е некој поинтелигентен, толку му е потешко да се одлучи да влезе во врска или во брак. Луѓето со висока интелигенција се егоистични, велат тие, и секогаш се ставаат себеси на прво место.

Истовремено, тие имаат големи, огромни, дури и нереални барања во однос на квалитетите што ги поседува нивниот партнер, што е практично невозможно да го добијат сето она што го замислиле.

Токму затоа и можноста да најдат „соодветна“ личност со која би стапиле во брак е многу мала.

Британските истражувачи дошле до заклучок дека колку е повисок коефициентот на интелигенција кај мажите толку им е полесно да најдат девојка, но колку се поинтелигентни жените, толку им е потешко да најдат момче.

Зошто се соочуваат жените со ваков проблем?

23-single-ladies-feature-w750-h560-2x

Објаснувања има неколку:

Мажите не сакаат да бидат жртви на комплексот на инфериорност. Во нивната ДНК е да бидат доминантни, алфа мажјаци, па кога ќе сретнат жена посупериорна од нив, се повлекуваат. Повеќето сметаат дека паметната жена може да предизвика големи неволји во врската. Никој маж не сака да се чувствува слабо, а силните жени го прават токму тоа.

Кариерата често пати ѝ е на прво место на жената, па кога ќе ја развие во главата идејата дека сака да напредува, мажот и децата се ставаат во втор план. А ниту еден маж не сака да е на второ место, никогаш. Интелигентните жени, исто така, не сакаат да прават компромиси во однос на кариерата и остануваат сингл.

Интелигентните жени бараат поддршка и токму затоа на врвот на нивната листа се мажите што ќе ги поддржат во тоа што го прават. Финансиската помош, образованието и слични фактори им се на второ место.

Минатите пропаднати врски влијаат на идните. Интелигнетните луѓе, мажи или жени, по лоша, пропадната врска, скептично гледаат на секоја следна. А утеха бараат во работата, која им го одвлекува вниманието. И токму затоа имаат успешна кариера, но не и добар приватен живот.

Интелигентните луѓе преферираат да бидат самостојни. Тие се научени да се грижат за себе. Не размислуваат два пати дали да прекинат врска што не им одговара. И секако, имаат многу поважни работи во животот отколку само да седат и да чекаат да се појави вистинската жена или маж.

Некој ќе ги нарече пребирливи, но факт е дека овие луѓе се само сигурни во себе и добро знаат што сакаат, а што не им одговара.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот