Која е твојата временска перспектива?

0

Сите ние сме патници низ времето. Имаме спомени од минатото кои ги носиме со себе, искуства од минатото преку кои се раководиме во сегашноста, со нетрпение ги очекуваме наградите на иднината. Но колку лесно патуваме наназад и гледаме нанапред може да влијае круцијално на нашиот живот и на тоа колку среќни ќе се чувствуваме живеејќи.

Нашата временска перспектива- дали сме заглавени во минатото, живееме исклучиво во сегашниот момент или сме преокупирани со нашите амбиции во иднината може да влијае на нашиот образовен и кариерен успех, па дури до нашето здравје и среќа.

Професорот во пензија Филип Зимбардо на универзитетот Стендфорд прв ја донесе револуционерната идеја за временската перспектива. По истражување повеќе од десет години, тој заклучи дека нашиот став кон времето е исто како и  дефинирањто на  клучни особини на личноста, како што се оптимизам или дружељубивост. Тој верува дека временската перспектива влијае на многу од нашите пресуди, одлуки и акции. Тој препорачува дека со едуцирање на учениците да бидат фокусирани кон иднината може да се влијае тие да се мотивираат да добијат повисоко образование и успех во сето тоа.

iiii

 Многу од истражувачите веруваат дека нашиот однос кон временската перспектива е во голема мера  стекнат за време на детството. Културата исто така има влијание врз временската перспектива. Гледано генерално, општествата кои се индивидуалистички или “јас-фокусирани” се фокусирани кон иднината додека пак општествата во кои се истакнува колективизмот или  “ние-општества” се повеќе фокусирани  кон минатото.  Посиромашните семејства  пак имаат тенденција да живеат повеќе во сегашноста, но секој може да влијае на својот однос кон временската перспектива.

Зимбардо вели:

“Идеално, можеме да научиме да го префрламе вниманието лесно помеѓу минатото, сегашноста и иднината, и свесно да го адаптираме нашиот начин на размислување во било која дадена ситуација. Учењето како да се справиме со  временската перспектива ни овозможува целосно да учествуваме во сè што правиме, без разлика дали тоа е опуштена вечер со  уживање во чаша вино или присеќавање за минати  настани со свој стар пријател.”

Односот кон временската перспектива во голема мера е несвесен, но и претставува вообичаен начин на размислување. Според тоа со поголем напор и концентрација од витално значење е да можеме да влијаеме врз тој однос.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот