Која е Челси Хендлер

0

Челси Хендлер, лице кое сите го познаваат со одлично прифатен хумор од страна на публиката. Но, која е всушност таа? Нејзиното целосно име е Челси Џој Хендлер, родена е на 25 февруари, 1975 година во Ливингстон, Њу Џерси како најмлада од 6 деца во семејството.

На 19-годишна возраст се сели од роденото место во Лос Анџелес за да го следи својот сон, да стане актерка. Во меѓувреме работела како келнерка за да може да се издржува себеси. На 21 година, Хендлер решила дека сака да биде и стендап комичар откако раскажала приказна пред приајтелите, а тие не можеле да престанат да се смеат. Тоа всушност било и моментот на пресврт во нејзиниот живот.

chelsea-handler-netflix-show

Нејзината телевизиска кариера ги бележи следниве проекти:  Girls Behaving Badly, Weekends at the D.L., The Bernie Mac Show, My Wife and Kids , The Practice, The Chelsea Handler Show и многу други. Таа е постојано активна, а пред две години го заврши емитувањето на шоуто Chelsea Lately на E! кое траеше од 2007 до 2014 година. Потоа го објави документарниот филм на Нетфликс Chelsea Does. Во 2012 година магазинот Time ја стави на листата на 100 Највлијателни луѓе.

Што се однесува до филмското портфолио, тоа изгледа вака: The Plotters,The Practice, Totally High,National Lampoon Presents Cattle Call, Steam, In the Motherhood, Hop, This Means War, Fun Size, Call Me Crazy: A Five Film.

Медиумите не ја одминуваат бидејќи таа не ретко знае да ја заинтересира јавноста со своето однесување. Но, нема лош публицитет, а Челси тоа најдобро го знае.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.