Кој го измислил маргаринот?

0

Сите ние во фрижидерот имаме некаков намаз. Некогаш путер, некогаш маргарин. Сте се запрашале ли некогаш кој го измислил маргаринот и со каква цел?

Кралот Наполеон III кон крајот на осумнаесеттиот век понудил награда за оној што ќе најде соодветна замена за путерот, која ќе биде поевтина и погодна за употреба за војската и пониските социјални класи. Во тоа време, еден француски хемичар работејќи во својата лабораторија наишол на интересно откритие, успеал да добие цврста форма од растителни масла.

margarin (1)

Хемичарот Хиполит Меге – Мурие кој го пронашол маргаринот, во тоа време наречен олеомаргарин, ја добил наградата, и оттогаш па наваму почнува масовното производство на овој интересен производ. Тој може да се употребува како премаз, да се меша со путер, и особено се употребува како основа во многу други прехрамбени производи.

Споредбата помеѓу путерот и маргаринот е многу интересна. Путерот, кој има животинско потекло, содржи повеќе заситени масни киселини, што може да предизвика високо ниво на холестерол во организмот. Од друга страна, маргаринот содржи повеќе незаситени масни киселини, кои се поздрави за организмот, а содржи и витамини А и D. Секако борбата помеѓу путерот и маргаринот за тоа кој треба да има почесно место во вашиот фрижидер и кој е поздрав сè уште трае.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот