Кои работни места во иднина ќе бидат добро платени?

0

Адвокат, банкар, брокер… Тоа се работните места кои се споменуваат кога се зборува за одлична заработувачка, меѓутоа во иднина тие веќе нема да бидат во мода. Стручњаците тврдат дека ќе треба да се сврти нова страница и способностите да се изедначат со времето.

Бабите, дедовците и родителите би требале да ги променат советите кои им ги даваат на идните генерации кога станува збор за тоа што е добра заработувачка. Стручњаците предупредуваат дека било погрешно да се претпостави дека работните места кои денес се најдобро платени, како адвокати, банкари, брокери, и во иднина би можеле да носат исто така многу пари. Во идните 10 до 20 години големи се шансите работите што ги работиме во сегашноста многу да се разликуваат во иднина. Занимањата кои денес не постојат, како на пример „вертикален фармер“ или „лица кои изработуваат делови на телото“ би можеле да бидат модерни професии како сега што е консултант за медиуми.

Во продолжение еве ја можната листа на идна добро платена работа:

  1. Дигитален архитект, кој ќе дизајнира виртуални згради за пропагандни пораки
  2. Негуватели на постари лица во нивните домови
  3. Констултант за благостостојба на старите лица специјализиран за лична нега
  4. Човек за изработка на делови на тела за атлетичари и за војници
  5. Вертикален фармер, кој своите посеви ќе ги одгледува во висина за да заштеди на простор
  6. Контролор на клима, односно лице кое ќе управува и ќе ги менува временските обрасци
  7. Човек за дизајнирање и управување со холограми на виртуални луѓе
  8. Брокер за време, кој ќе управува со вишокот од вашето време кое ќе може да го понудите некому во замена за пари или некоја друга стока
  9. Личен менаџер за брендови, кој ќе го развива и ќе управува во вашиот личен бренд
  10. Хаптички програмер, кој ќе ја користи науката за допир во развој на производите.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот