Кои филмови мора да ги погледнете според Квентин Тарантино

0

Квентин Тарантино, човекот со натпросечна интелигенција, режисерот чиј стил на правење филмови е уникатен, високо почитувана филмска личност во светот. Ние денеска решивме да ви презентираме листа на филмови кои тој ги смета за квалитетни, филмови кои мора секој урбан филмоман да ги погледне некогаш во животот.

“Fight Club” на Дејвид Финчер

100105-650-1456227556-fight-club

Речиси е невозможно да се опише овој филм со оглед на неговата извртена психоделична целина. Брилијантна глума на дуото Бред Пит и Едвард Нортон, со крај кој дефинитивно нема да го очекувате.

“The Insider” на Мајкл Ман

99955-650-1456227556-the-insider-pacino-crowe

Мајкл Ман направи брилијантен филм за двајца луѓе кои општествените интереси ги сместуваат високо над сопствените. Ал Пачино и Расел Кроу се во главните улоги.

“Lost in Translation” на Софија Копола

100205-650-1456227556-o-LOST-IN-TRANSLATION-facebook

Двајца странци кои се сретнуваат сосема случајно во ноќен клуб во Токио, обидувајќи се да и избегаат на несоницата. Филм кој можат да го разберат само вистинските странци во Јапонија.

“The Matrix” на Енди и Лана Вачовски

100155-650-1456227556-matrix_feat

А што да се каже за филмот кој ни го смени погледот на светот засекогаш. После првото гледање имате чувство дека некој ве удрил со тап предмeт по главата и вие не знаете што да правите. Маестрално филмско дело.

“Boogie Nights” на Пол Томас Андерсон

99755-650-1456227556-f94d419a256bdf51a7a02b3b1d7cd57f5bc32b25

Секс, дрога, насилство – ова треба да биде насловот на филмот. Но и покрај тоа, станува збор за едноставен филм со чиста и лесна порака кој публиката го засакува од прво гледање.

“Speed” на Јан де Бонт

100255-650-1456227556-2

Иако тематиката е многу добро позната, сепак режисерот направил одлична работа. Актерите само го засилуваат ефектот на убаво чувство после гледање на овој филм.

“Unbreakable” на М. Најт Шаималан

99455-650-1456227556-7

Катастрофална несреќа на возови, само еден преживеан. Се прашувате зошто во текот на тие 2,5 часа, го гледате Брус Вилис како се обидува да ја одгатне мистеријата и на крај дознавате за што всушност се работи. Сите ние ја имаме нашата спротивност некаде во светот.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.