Кога свекрвата станува сојузник, сопругот станува непријател

0

Голема  вистина има во овие зборови, иако навидум не изгледа така. Сигурно голем дел од вас ќе си речат дека нема шанси да се случи ваква ситуација, но се случува.

Сетете се на сите оние моменти кога вашиот сопруг се расправал со мајка му, а вие сте застанале на нејзина страна. Или пак ситуација каде вие заедно го напаѓате сопругот, а тој чувствува потреба да се одбрани.

Не драги мои, тоа не е начин да се однесувате со човекот со кој сте во брак. Тоа е начин на кој полека го оддалечувате од себе бидејќи тој во вас ја препознава неговата мајка, а кој сака да дели спална соба со мајка му?

Ваквиот однос не е карактеристичен само за заеднички живот со неговите родители, туку важи за сите парови кои избрале така да се однесуваат.

Сетете се кога бевте во врска, колку си ги чувавте вашите работи само за вас, ситуациите со кои се соочувавте сами ги решававте и сепак излегувавте на крај. Што се промени сега, зошто сега проблемите ги делите со сите, почнувајќи од неговата мајка?

Сè што имате да му кажете, кажете му на само, не пред сите, не пред неа. Таа е негова мајка, кој секогаш ќе се однесува заштитнички кон него бидејќи го родила. Ако во еден момент застане на ваша страна, немојте да се лажете дека тоа долго ќе трае.

Ако пак, доволно долго се случувааат ваквите ситуации, во еден момент тој ќе си замине и погодете што? Таа ќе биде на негова страна, без разлика дали заминува кај друга жена или е сам.

Да се разбереме, има работи кои се од семеен карактер и треба да се споделат за да се најде заедничко решение. Но, има работи кои мора да останат само меѓу вас.

Кога двајца луѓе стапуваат во брак, односот помеѓу мајката и синот мора да се промени. Не е толку видливо на почетокот, но со текот на времето станува очигледно. Во ситуации како овие, струњаците велат дека кај неговата мајка настапува разбирлив страв од губење на синот и емотивна оддлеченост.

Досега во вашата брачна кариера, сигурно сте слушнале за многу разводи, разделби каде жената “за среќа” се уште е во одлични односи со поранешната свекрва. Има причина зошто е поранешна свекрва, па таа не е веќе нејзина свекрва туку нечија друга. Таа може да биде само пријателка со која повремено ќе се гледаат, иако и тука нема поента бидејќи однос се засновал на база на односот со поранешниот сопруг. Тој бил врската меѓу нив, а штом таа завршила, нема потреба од понатамошни средби.

Не постои сојужништво помеѓу свекрва и снаа, никогаш не постоело и никогаш нема да постои(секој чест на исклучоците). Негувајте го односот со сопругот, бидејќи тој е човекот со кого се согласивте да се омажите, не вашата свекрва.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.