Кога е време пред себе да го признаете неверството на партнерот

0

Честопати се вели дека партнерот последен дознава за неверството, но тоа не е вистина. Трагите се забележителни од првиот момент, тешко е да се признае разочарувањето. Кога ќе го изговорите гласно, тогаш станува вистина. Се до тој момент можеби постои, а можеби не.

Психолозите на оваа тема велат човековата интуиција е многу помоќна отколку што сме свесни самите. Стравот од болка и разочарувањетo е тој кој ги држи во информациона темнина каде е посигурно.

Huffington Post пренесува сведоштва на луѓе кои сфатиле дека се изневерени и си го признале тоа.

– Моментот кога дознав беше за време на родeнденот на нашата ќерка. Цела вечер ја помина во аголот од собата не  испуштајќи го телефонот од рака, се додека неговиот татко не му пријде и му рече – реши го тоа.

– И претходно се соменевав, почнав да го испрашувам за неговиот однос со колешка од работа, тој ме напаѓаше, велеше дека сум  параноична за да се одбрани. Се уверив во моментот кога го пронајдов изводот од кредитната картичка каде стоеше сметка за хотелска соба. Тој се обиде да ја оправда ситуацијата велејќи дека картичката ја позајмил на колега, кој за возврат му дал готовина и дека не знаел за што му треба.

– Сфатив во моментот кога го посетив на работното место и му реков дека сакам да разговараме за нашиот брак, за односот и проблемите. Тој ми рече дека сум луда, стана и си замина.

– Сфатив дека сè е отидено по ѓаволите во моментот кога на компјутерот пронајдов слики од гола жена, а ги најдов и преписките со мојот сопруг. Го следев и се уверив во вистината. Го соочив со фактите, рече дека било само виртуелна афера, а тој до денес се уште нема признаено, се уште одрекува.

– Откако сопругата ми рече дека не сум веќе привлечен за неа затоа што имам стомак, знаев дека нешто не е во ред. Ослабев и го средив изгледот, потоа ми рече дека и смета начинот на кој се облекувам. Го сменив и тоа, а на ред дојде однесувањето. Тука веќе не издржав, ми пукна филмот, а нејзината пријателка ми го потврди сомнежот.

Тешко е да се признае неверството на партнерот, но имајте на ум дека во моментот штом го направите тоа, симнувате огромен товар од грбот. Кога луѓето се соочуваат со проблемите и разговараат за нив, позитивно е тоа што после соочувањето знаат која насока да ја изберат. Во спротивно само ќе живеат во негација и ќе се лажат себе си за животот кој го живеат, а некој друг им го прави сценариото.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот