Кога е време да кажете ШАХ-МАТ?

0

Најпознатата легенда за настанокот на шахот го вели следново… зрно жито на секое шаховско поле!

Најпознатата легенда ја поврзува шаховската табла со неукоста и лакомоста на човекот и математиката…

Си бил еднаш еден цар по име Шерам, кој сакал да скромно да го награди математичарот Сеса за неговото откритие на шаховската табла и му рекол да побара од него што ќе посака.

Сеса рекол: сакам да ми дадете за едно поле на шаховската табла и едно зрно, за второто поле 2 зрна, за третото 4, а за четвртото 8 и така за секое наредно поле два пати повеќе зрна од претходното поле.
Царот се изненадил и рекол: Зарем само тоа го сакаш? Нема проблем, ќе добиеш полна вреќа жито по ручекот.
Но, математичарите на царот се обидувале два дена да пресметаат колку зрна треба да му дадат на Сеса и пресметале дека тој број изнесува 18 446 774 073 709 551 615.
Тие му кажале на царот дека во подрумот нема толку жито и дека тоа е многу повеќе одошто тој може да даде во моментот.
Откако царот размислил го повикал Сеса и му рекол: Драг човеку, не сакам да те преварам ниту за едно зрно, па ти твојата награда ќе ја броиш заедно со моите слуги.
Слушајќи го тоа на Сеса му станало непријатно и почнал да се извинува дека има важна работа и дека сестрата негова се наоѓа на другиот крај на светот и дека е пред породување, а мажот и умрел…
На ова царот Шерам се насмевнал и му дал голема награда за да го шири гласот за неговата добрина и милостина …

Како настанал шахот?

Не постојат докази за настанокот на шахот. Најверојатно се појавил пред повеќе од 2. 000 години. За време на истражувањата во Узбекистан пронајдени се две фигури од слон кои припаѓаат на периодот за време на владеењето на царот Хувишка во вториот век. Истражувачите сметаат дека тоа се шаховски фигури.

Во петти век во Индија настанува воена игра на дрвени плочки „чатуранга“ (chaturanga) што значи четири. Имено chaturanga е главен компонент од многу вежби (асани) во јога дисциплината денес.
Оваа игра е како далечен претходник на денешниот шах, а претставувала игра која го одржувала составот на тогашната индиска војска која била составена од четири реда: пешадија, коњаници, слонови и вид запрежна кола која служела за војската, а во средината се наоѓал водичот (кралот) и неговиот советник Мартин ( денеска кралицата или дама).
5669589_f260
Движењето на фигурите било одредено со фрлање на коцки. Играта во шести век ја прифатиле и Персијците, а од нив во седми век и Арапите со освојување на Иран и во текот на наредниот век играта се стекнала со голема популарност во сите арапски земји.

Биле одржувани и натпревари помеѓу најдобрите играчи. Подоцна биле проучени нови правила за играта и таа постојано била надградувана.
Калин Харун Ал Рашид во осми век на францускиот владетел Карло Велики како подарок му пратил шаховска табла.
Во дветтиот век Арапите ја шират играта под името „шатранџ“ во Шпанија. Со надоградување играта може да играат се повеќе луѓе логичари кои можеле да се пофалат со добра снаодливост и исклучителна мудрост. Играта се стекнува со уште поголема популарност и се шири во сите европски земји се до Исланд.

checkmate

Во 1254- та година кралот Луј IX издава наредба за забрането играње на шах, но тоа траело кратко време.
Шахот подоцна се модифицира и се исфрлаат неколку начини на победа во играта, се носат нови правила, а денешниот облик на шах настанува во петнаесети век во 1495 та година, кога се појавува првото печатено издание за правилата на играта напишано од шпанскиот шахист Лусен.
Во осумнаести век шахистот Филидор ги поставува темелите на модерната шах игра која е позната и денес ширум светот.

При објавување на  материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот