Ќе ги снема ли класичните лозинки?

0

Оперативниот систем на Гугл, „Андроид“ веќе користи сензори кои се дополнителна заштита за лозинката на вашиот телефон.

Но, сега технолошкиот гигант оди чекор понатаму и сака да ги тргне од употреба традиционалните пасворди и наместо тоа, да понуди технологија која ќе има капацитет да го препознае сопственикот на телефонот или таблетот и истите ќе ги отклучи само за вистинскиот корисник.

Првите луѓе на Гугл во изјави за американските медиуми веќе најавија дека работат на новата технологија која се води под тест името Thrust API. Оваа нова технологија најверојатно ќе користи неколку сензори во уредите кои ќе треба да го препознаат сопственикот и да му дозволат влез во неговиот телефон или таблет.

Според планот на компанијата Гугл, тестирањето на оваа технологија започнува наскоро, а најпрвин ќе биде тестирана во банките. Ако плановите на Гугл одат како што треба оваа технологија за масовна употреба би била достапна најрано во 2018 година.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот