Кино за миленичиња… за да се опуштат!

0

Бидејќи се доближува времето на огномети и петарди, а мачките и кучињата имаат многу чувствителен слух и лесно се вознемируваат, некој се сетил да направи филмови кои ќе им помогнат на миленичињата да се опуштат.

Два филма, „Woofering Heights“ и „Peer Window“ ги развила компанијата „Повеќе од осигурување ѕа милениците, а во соработка со психологот за однесување на животните, Карен Вајлдс и со ветеринарот Роберт Вајт-Адам. Идејата била да се направи филм што ќе ги опушти милениците и ќе им го намали стравот од силни звуци.

Според нив, доволно е неколку пати дневно да им го пуштате филмот на своите миленици, а кога ќе дојде стресниот период, тие ќе бидат помалку анксиозни. Според Вајлдс, милениците можат да ја покажат анксиозноста и со тоа што ќе одбијат да јадат и ќе бидат многу мирни.

Затоа, не размислувајте, туку пуштете им ги филмовите на вашето куче или маче.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.