Кери Бредшо открива интeресни тајни за „Сексот и градот“

0

Иако поминаа многу години од последната, шеста сезона на популарната серија „Сексот и градот“, светот едноставно не може да престане да ги гледа репризите и да открива интересни факти поврзани со снимањето на серијата.

Во едно интервју за британски „Космополитен“, Сара Џесика Паркер одговори на неколку прашања во врска со серијата за на крај да открие и неколку тајни кои досега не сме ги знаеле.

Во продолжение –  тајните на една од најпопуларините серии во светот…

Сите коктели во серијата се лажни

„Токму така, познатиот коктел „Космополитен“ исто така бил составен од вода и боја за храна. И мартини пијалокот изгледа одлично, лажен! Но, храната беше вистинска“- додава таа во интервјуто.

sara-dzesika-parker-i-kim-katral-1453492955-78174

„Би било навистина штета да се фрлат сите тие вкусни торти, па Кери и Миранда постојано ги празнеа чиниите на сè што ќе се најдеше пред нив“- вели Сара Џескика Паркер.

Имено таа во договорот потпишала дека не сака да се појави гола за време на снимање на серијата, а тоа сигурно сте го забележиле во сите 6 сезони. Потоа се погрижи истиот договор да биде испочитува и во „Сексот и градот“ филмовите.
Таа постојано вели дека и е многу непријатно да се појави гола пред камера, токму затоа прво што направила е потпишување на ваков договор.

Миранда всушност е русокоса

Актерката Синтија Никсон е природна русокоса, но без никаков проблем ја промени бојата на косата поради серијата. Во меѓувреме Кери требало да биде бринета, но 24 часа пред почетокот на снимањето на првата епизода, продуцентите го промениле мислењето.

seks-i-grad-1427830968-56288

Имено Сара Џесика Паркер по снимањето на серијата ја задржала комплетно целата гардероба на Кери.
„Ја задржав гардеробата што не беше изнајмена и онаа што не беше потпишана со дизјанерско име“- вели таа.

Кери носи високи потпетици 18 часа на ден

Се сеќавате ли на легендарната сцена во која Кери ја изговара следната реченица:
„Потрошив 400 долари за високи потпетици, а немам каде да живеам! Ќе бидам стара жена која ќе живее во своите чевли“. Како резултат на тоа Сара требала да носи високи потпетици по 18 часа на ден додека траело снимањето на серијата.

Преубавиот фустан на воведната шпица чини само 5 долари

Иако сите бевме уверени дека е дело на некој познат дизјанер!

Улогата на Метју Меконахи требало да ја добие Алек Болдвин, меѓутоа тој одбил. Истата му била понудена на шармантниот Џорџ Клуни, но и тој ја одбил. За среќа Метју дал позитивен одговор!

91521796-c437-4bc4-810f-c1fc25af8108

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

.