Кејт Мос: ако јас умеам да носам кармин, тогаш може секој

0

Познатиот топ модел на 90-тите години која и денес е поеднакво популарна во модната индустрија Кејт Мос, е една од најбараните жени на модните писти…

Таа е вистинска икона на стилот која успеа да опстане и покрај сите пороци што модниот бизнис ги носи сам по себе.
Новинарите ја опишуваат како отворена, харизматична и интересна личност што трпи секаква модна трансформација. На модната писта е вистински професионалец, а во приватниот живот е личност со многу квалитети.

Неодамна во интересна статија новинарите пишаа свое мисење за неа и зошто луѓето во модниот бизнис толку ја сакаат, ова сигурно не го знаевте за неа…
zenski-magazin-cinjenice-o-kejt-mos(1)

1. Првиот кармин што го купила е од брендот „Rimmel“
Нијансата се викала „Sheater Shimmer“, а тогаш имала само 8 години. Го користела исклучиво кога одела на училиште
„Како да имаше друго место каде што може да го носам“- додава таа смеејќи се пред новинарите.

2. Сега користи многу повеќе шминка одошто порано
„Никогаш не сум била навикната на носење многу шминка и не знаев како да се шминкам, но сега знам многу подобро. Можам да го нашминкам моето око, односно двете“-вели таа смеејќи се.
zenski-magazin-cinjenice-o-kejt-mos(3)

3. Признава дека појавата на црвениот килим ја прави нервозна
„Чудно е. Се прашувам која сум јас, дали сум јас-јас или сум тие?- вели манекенката.
Лекот се крие во нејзината стилистка- шминкерка Шарлот Тилбури, со која пред да се појави на црвениот килим постојано се смее за да исчезне тремата што ја чувствува.

4. Нејзината ќерка Лика Грејс е веќе опседната со шминка
„Иако е мала, таа е вистински професионалец, знае како да си стави римел и да ги обликува јаболчиците, а јас зачудено ќе извикам: Браво!“-вели Кејт Мос.
Кејт вели дека нејзината ќерка постојано ја учи како да ја промени шминката и начинот на кои таа се шминка.

5. Кејт од својата прва комшивка го добила својот омилен витиџ фустан
„Мојата прва комшивка кога се запознавме по неколу дена на врата ми остави подарок- преубав винтиџ фустан што јас кога го видов се заљубив веднаш. Таа ме праша дали сакам да го задржам, а јас секако кажав да“.
zenski-magazin-cinjenice-o-kejt-mos(11)

5. Има навика да го вади карминот со заби
„Ако јас умеам да носам кармин, тогаш тоа го може секој“- шегувајќи се изјавила пред новинарите
„Јас буквално карминот го вадам со заби, но не знам зошто. Како да го јадам, или нешто слично“- додала таа.

6. Обожува да носи безбоен кармин кога оди на концерти
На прашањето зошто, одговорила дека кога се поздравува со пријатели позади сцената, никој нема да има печат од нејзиниот крамин на образите.

7. Сака да се подготвува за излегување толку многу што понекогаш не стасува ниту да излезе;
„Понекогаш заборавам на времето кога се подготвувам за излегување, и кога ќе видам часот е веќе 23:00“- изјавила Кејт.

8. Како и повеќето жени, во 90-тите носи многу тенки веѓи
„Имав само три влакненца од толку многу што претерав со чупањето на веѓите“- вели во интервјуто за еден од новинарите кои го споделува ова со насмевка.
zenski-magazin-cinjenice-o-kejt-mos(5)

9. Го обожува моменталниот тренд на шминката во светот
„Видов девојка на улица како носи сина боја на кармин и се воодушевив од храброста, многу ми се допаѓа моменталниот тренд“- додава таа.

10. Кожните панталони и се слабост
На прашањето колку кожни панталони има, таа вели дека има неколкуод брендот „Balmain“ и дека тие и се омилени.
„Неколку пати дополнително морав да ги крпам на колената, ете колку ги сакам“- додава таа.
zenski-magazin-cinjenice-o-kejt-mos(10)

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар