Како со помош на чаеви да го забрзате растот на косата?

0

Секоја жена сонува за долга и бујна коса. Косата е знак за женственост и прави да се чувствувате посигурно . Постојат 3 чаеви кои го забрзуваат растот на косата, а тоа се зелен чај, чај од коприва и чај од аронија.

Најдобар чај против опаѓање на косата и побрз раст е дефинитивно чајот од коприва. Можете почесто да го пиете или да ја миете косата со него. Доколку ја одберете втората варијанта оставете го чајот да отстои 45 минути. Плакнете ја косата со чајот 2-3 пати неделно, но после чајот не плакнете со вода.

Зелениот чај мора да се пие, бидејќи поинаку нема ефект. Пијте по две чаши на ден, освен подолга коса ќе имате и убава кожа и цврсти нокти.
Аронијата пак е една од најлековитите билки. Од витамините ги содржи C, A, E, B2, B6, B9 i P. За раст на косата ви се потребни витамини, така што и овој чај се пие.

Совети:
-Кога ја преливате косата со чај оставете сама да се исуши, така има поголем ефект.
-Ако ви е кратка косата доволна ви е една шолја, а ако ви е долга, две.
-Покрај измивањето пожелно е и да пиете некој од чаевите.
-Најдобро е да ги користите сите наведени чаеви.
-Чаевите не можат да ги решат генетските предиспозиции за ќелавост или некој поголем проблем со паѓање на косата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот