Како се рекреирале ѕвездите од златното доба на Холивуд

0

Сигурно ќе се согласите со тоа дека ѕвездите на стариот Холивуд биле вистински диви и имале совршено обликувани тела со изразени атрибути, а за тоа заслужни биле неколку физички активности кои ги практикувале. Прочитајте како Одри Хепберн, Мерлин Монро и неколку други холивудски ѕвезди го одржувале телото во одлична форма. Можете да ги практикувате и вие, затоа што се едноставни и не се скапи.

Скокање со јаже

Оваа активност била омилената на Џун Кнајт која скокала дури и на штикли. Скокањето со јаже е активност која ќе ви помогне да имате неверојатно добар струк и задник.

Танцување

Мерлин Монро, како и повеќето холивудски дами морала добро да танцува и да пее. Танцот ќе ви помогне да се ослободите од стресот, да го затегнете телото и да имате повеќе енергија од вообичаено.

Jayne Mansfield

Јога

И дамите од златното доба на Холивуд исто како и денешените ѕвезди биле опседанти со јогата затоа што таа ги тонира мускулите на телото и ви помага да се ослободите од напнатоста.

Кревање на тегови

Освен што танцувала, Мерлин Монро во една прилика изјавила дека подигнувањето на тегови и е омилен начин за рекреација. Теговите освен што ќе ви ги зацврстат мускулите ќе ви помогнат да согорите и калории.

Пливање

Пливањето е корисно за целиот организам, а своевремено Џин Харлоу го практикувала секојдневно.

Jean Harlow

Возење велосипед

Холивудските диви, особено Рита Хејворт практикувала да вози велосипед на долги патеки затоа што тоа е одличен начин за согорување на калории и здраво тело.

Пешачење

Одри Хепберн дефинитивно не морала многу да се труди околу својата линија затоа што била природна витка и професионална танчарка. Но, сепак уживала во долги прошетки. Иако тие не можат многу да ви помогнат во проблемот со прекумерена тежина, сепак се совршени за подобро расположение и нормална циркулација на крвта.

Тенис

Тенисот прави чуда за телото, а холивудските актерки го обожавале затоа што тој бил можност да вежбаат, да се дружат и да ги покажат нивните феноменални дневни и спортски комбинации.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот