Како настанале имињата на градовите во Македонија

0

Веројатно, за градот во кој сте родени или пораснати знаете многу легенди. Од тоа како настаналo неговото име, кои херои го бранеле, по некоја прекрасна љубовна приказна… Но, дали знаете легенди за другите македонски градови? Ви ги претставуваме преданијата за тоа како настанале имињата на македонските градови.

Прилеп

424f9ced-5c94-4eef-939c-a952bfb49492

Едната легенда вели дека кога луѓето почнале да се населуваат во овој предел, ги „прилепувале“ своите куќи до Марковите кули и потоа се оформила прво населба, а потоа и град кој се нарекувал Прилеп. Второто предание вели дека луѓето што се населувале правеле многу леб, па местото се прочуло како „прилебно место“ (место каде што се прави леб). Според Блаже Конески, името Прилеп е создадено од личните имиња Прилепа и Прилепка кои се дел од руската антропонимија.

Струга

efa317be-4eb5-42a9-9a22-241aa9f5b060
И за Струга постојат две легенди. Едната вели дека Струга го добила своето име поради отворената географска положба на градот – место каде што постојано „струже“ (дува ветер).
Втората легенда вели дека некогаш, одамна, македонските словени Брсјаци и Мијаци во струшкиот регион се занимавале со сточарство и овците ги носеле на стрижење токму на истекот на Црн Дрим од Охридското езеро. Од стрижењето на овците се доаѓа до зборот Струга.

Охрид

ba2f9b49-bb97-4a7d-8c46-d28c5fba6fba
Според легендата на браќата Миладиновци, кога се правела Охридската крепост, царот Јустинијан се качил на ридовите меѓу кои лежи градот и извикал „ох рид“, од каде и што дошло името на градот.

Берово

21f818e3-d059-4329-87bf-f8d05234d167

Жителите на најисточниот град во Македонија раскажуваат две легенди за тоа како настанало името Берово. Според една легенда името доаѓа од сточарот Беро, кој поседувал ливада – Беровска ливада помеѓу селата Робово и Мачево. Втората, и поверојатна верзија е дека луѓето „се береле“, односно се собирале од Малешевијата во Беровската котлина и така дошло до името Берово.

Радовиш

0ff94090-1081-4753-9347-22088c48a31b

Градот Радовиш го добива своето име по убавата кнегиња Рада која живеела тука, која и самата била заљубена во овој град. Поради нејзината убавина и во нејзина чест, градот го носи нејзиното име.

Скопје

67c4f53e-3647-407a-adc7-29d09d81a07c

Градот убав низ историјата сменил неколку имиња. Неговото античко име е Скупи, во византиските документи е запишан како Скопија, а Словените го нарекувале Скопје, Скопие и Скопље. Има и една друга легенда, пред создавањето на Калето, а и од кога тоа било изградено, Скопјани се бранеле претежно со копје. Тие кога се спремале за напад извикувале дека треба да се нападне С’КОПЈЕ и така дошло името на овој град.

Гостивар

Church_Gostivar_Macedonia

Потеклото на името на овој град е словенечко, односно поточно кажано чешко! Имено, во Прага постои цела населба која се нарекува Гостивар – на чешки Hostivar. Чешкиот збор хости всушност означува гости – гостопримливост, добродојденост и слично.

Кочани

За името на градот Кочани постои една легенда кои вели дека многу одамна човек по име Кочо отишол на печалба во Кина, од каде го донел оризот во својот роден крај. Оризот успеал во овој регион, а населеното место го добило името Кочани во чест на човекот кој ја донел оваа култура во овој град.

Делчево

1340668645_Delchevo24WEB

Старото име на овој град е Василево. Василево преведено од грчки означува Царево Село. Во турско време, Делчево се нарекувало и Султанија, а по Втората Светска војна, во 1950-тата година, Президиумот на Народното Собрание на НР Македонија донесува одлука Царево Село да се преименува во Делчево, во чест на Гоце Делчев.

Свети Николе

e89722da-8ca7-4e8a-bcd7-60dc4b2e2757
Се смета дека овој град го добил своето име по црквата Свети Никола. Во турско време, во овој град се наоѓале околу 40 цркви, и сите до една биле срушени, освен најубавата , Св. Никола. По неа и градот го добил своето име.

Куманово

kumanovo-i-maribor-kje-se-zbratimuvaat-196890
За тоа како настанало името на градот Куманово постои само една легенда која е и доста логична. Се смета дека овој град името го добил по племето Кумани кои во 1094-тата година се населиле во овој предел и долго време се задржале во кумановската општина и пошироко.

Велес

Во текот на историјата, градот Велес повеќе пати го менувал своето име, од Вила Зора и Ќупурли до Титов Велес и Велес. За настанокот на неговото име има две легенди. Едната вели дека името го добил од словенскиот термин „В Лес“ кој означува „во шума“, со што се означувал пределот со густи шуми во близината на ова населено место, а втората легенда вели дека пределот околу Велес, кој бил погоден за пасење на добитокот, го населувале сточарски словенски племиња чиј бог на добитокот бил богот Велес.

Битола

4450fc28-6703-4f3c-b1bb-f2bb575f791e
И за Битола има повеќе преданија за тоа како настанало ова име. Најверодостојното од нив вели дека името Битола потекнува од старословенскиот збор „Обител“ кој означувал збир на манастири, збир на свештеници, заедница на монаци. Како што веќе сите знаеме, Битола од секогаш бил град со многу манастири, па од тука потекнува и грчкиот назив за овој град – Монастири. Според Марко Цепенков пак, Битола го „должи“ своето име на големопоседникот Тољо, кој имал тврдина во непосредна близина на Битола. Кога турците се приближувале на тврдината и градот, го повикувале Тољо на битка со зборовите „Биј Тољо“ од каде и потекнува сегашното Битола.

Гевгелија

799bb5a9-160d-488c-b42d-f812b5f718ad

Според легендата за градот Гевгелија, некој дервиш, сосема случајно залутал во овој град. Но толку му се допаднал што дури и не сакал да си замине потоа. Мештаните не сакале да го примат странецот во своето родно место па се обиделе да го избркаат. Дервишот повреден и тажен заминал од градот, колнејќи го мештаните. Дури тогаш тие сфатиле дека треба да бидат гостопримливи и го повикале дервишот назад со зборовите гел гери (ела назад), од кои подоцна дошол зборот Гевгелија.

Крива Паланка

58_full

Сосема логично, името на градот Крива Паланка доаѓа од кривото корито на реката Крива.
Кратово
Кратово го добил своето име благодарение на својата местоположба. Како што сите знаеме, Кратово лежи во вулканска подлога, односно вулкански кратер и од тука доаѓа и името.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.