Како настанала Нобеловата награда

0

Како настанала Нобеловата награда: Од „трговец на смртта“ до најголемо признание на човековите достигнувања.

Од Марија Кири која не само што била првата жена добитничка на Нобеловата награда, туку и првата личност која добила награда во различни категории, па Аунг Сан Су – единствена личност која добила Нобелова награда додека била во домашен притвор, сè до Алберт Ајнштан и Иво Андриќ, Нобеловата награда секоја година слави големи достигнувања на светски генијалци и брилијантни личности.

Добивањето на наградата е вистинско доживување, а и нејзината историја на создавање исто така.

Угледната Нобелова награда која денес е величена од човештвото има прилично мрачно потекло кое предизвикува големи забуни кај новинарите.

Како е родена Нобеловата наградата

Кога скромниот Швеѓанец по име Лудвиг Нобел починал 1888 година, француските новинари го помешале со неговиот помлад брат Алфред – прочуен претприемач и шведски научник кој стекнал големо богатство по измислувањето на динамитот. Во описот на крајот од весникот за неговата смрт било напишано – „Трговецот на смртта е мртов“!

2Додека весниците пишувале за неговата смрт, тој бил жив и ги читал објавите на луѓето и како тие го доживуваат, а тоа го уништило. Алфред решил да ја промени приказната на својот живот пред да биде предоцна.

Поминал малку време размислувајќи за тоа што може да промени, а на 27-ми ноември 1895-та година започнал со реализирање на своите идеи.

Заминал во шведско-норвешкиот клуб во Париз, седнал на столче и го напишал својот тестамент.

На 4 страници запишал што ќе им остави на своите роднини и вработените, бидејќи немал деца. Во тестаментот побарал остатокот од неговото богатство да се вложи во фонд – камата која секоја година ќе се доделува во форма на награда за оние кои во текот на годината ќе бидат заслужни за најголемата корист што ќе му ја овозможат на  човештвото.

1Напишал дека каматата треба да биде поделена на пет еднакви делови и секој дел да се даде на личноста која е одговорна за најважните откритија во четири категории и еден дел за личноста која ќе направи најмногу или најдобро за братство помеѓу луѓето, за укинување или намалување на бројот на војската и за одржување и пропагирање на мир – Нобелова награда за мир.

„Моја најголема желба е да не се обрнува внимание на нацијата и верата на кандидатот, туку само на тоа личноста да биде достојна да ја добие наградата, без разлика дали тој е од скандинавските земји или не“- вели Алфред Нобел во својот тестамент.

Нобеловиот тестамент денес се чува во сефот на Нобеловата фондација во Стокхолм и никогаш не е изложен.

Кога завршил со пишувањето Нобел замолил четири случајни минувачи да бидат сведоци на тестаментот. Кога наредната година починал, пред тоа ги доверил своите желби на неговиот 25-годишен помошник.

Младиот помошник сериозно ја сфатил задачата од својот господар и наредниот ден заминал во Париз со кочија и со скриени пари, акции, тестамент и документи од банката. Спакувал сè во кутија и ги испратил во Шведска каде полека почнал да ги продава акциите, но компаниите не се согласувале.

3

Нобеловата награда долго време наидувала на отпор 

Иако била последна желба на Нобел, оваа идеја се соочила со многу голем отпор.
Неговите роднини кои не биле свесни за неговиот план, биле во шок. Шведското кралско семејство го осудило зошто не бил патриот и барал да се наградуваат сите националности, а не само Швеѓаните.

Но, неговата идеја кај некои луѓе била и добро прифатена. Во Грција во 1896-тата година се одржала Олимпијада, а тука владеела желба да се создаде светско семејство и да им се оддаде признание на сите луѓе кои помогнале во светот. Додека напорно работел на реализирање на идејата, помошникот Рагнер со текот на време почнал сè почесто да наидува на позитивни реакции.

Пет години по првото читање на Нобеловиот тестамент, првата Нобелова награда била доделана во Шведска и Норвешка, 1901-та година. Една деценија подоцна, во Стокхолм бил отворен и Нобеловиот музеј.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар