Како им е на жените со големи гради?

0

Големите гради кај жените може да се вистински благослов и клетва во исто време. Четопати големите гради асоцираат на секси жени како Мерлин Монро или Дита Фон Тис. Додека ова може да ја „пумпа“ самодовербата и да дава можност за „покажување“, исто така може да биде проблем што би сакале да го немате.
Од пријателите сигурно ќе слушате зборови од типот: „имаш среќа што имаш големи гради“, а потоа сигурно би ве прашале зошто ги гледате наопаку кога ви го кажуваат тоа.
Додека жените со просечна големина на гради не би разбрале какви проблеми имате, вие сигурно ќе ги препознаете следниве на листата…

Купувањето на градник е вистинско измачување

Девојките со големи гради при изборот на градник постојано повторуваат нешто во себе: „ Ах колку им завидувам на девојките со мали гради“.
Другите пак, никогаш не би го разбрале проблемот кои тие го имаат при изборот на градник. Покрај тоа што големите градници може да се купат само на неколку места, изборот не е толку голем како за девојките со мали гради. Чето овие градници знаат да бидат и доста поскапи за разлика од оние со нормална величина.

Купувањето на облека исто така може да е проблем

Се разбира дека девојките со големи гради не може да носат длабоко деколте, блуза без градник и слично, како што тоа може слободно да го прават жените се помали гради. Корсетите може да се еден вид на решение, бидејќи цврсто ги држат градите, но со оглед на тоа што ги креваат горе, а тоа на многу девојки не им се допаѓа па не го ни сметаат за опција.
Кога имате големи гради потребно е да внимавате буквално на се… да започнеме од материјалот (некои материјали ги прават градите да изгледаат дополнително поголеми), до обликот на деколтето и што уште не.
Кога станува збор за број на фустан, горниот дел треба да е значително поширок од долниот дел, се разбира во завсност од градбата на телото.
Бројот на облека постојано варира, но најтешко е она што не може туку така да одберете дури ни обична маица. Се треба прво да пробате, па да купите.

ПМС не е вашиот пријател

Генерално земено ПМС периодот не е пријател на ниту една жена. Но, жените со големи гради имаат сериозен проблем доколку градите им се зголемуваат пред менструалниот циклус.
Може да чувстуваат дополнителна болка и тежина што не е воопшто пријатно за време на овие денови.

Забава

Жените со големи гради имаат дополнителна забава – а тоа е во секојдневната исхрана. Можеби ќе ви звучи како хумор, но е жива вистина. Трошките од храната, пуканките и сл, се тоа може да биде вистински проблем за деколтето. Но, секако и тоа ќе се среди. 🙂

Привлекуваат и несакано внимание кај другите

Кој не би се завртел по жена со големи гради на улица? Секако дека е невозможно. Со оглед на тоа што секој маж е љубител на гради, особено оние филмски големите, тука навистина не можеме да помогнеме. Па дури и да носите ролка до врат, мажите си ја знаат работата. 🙂

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.