Како до совршена кожа- 6 совети од познати модели

0

Ако никогаш не сте имале можност да ги видите моделите одблиску, верувајте скоро секоја од нив има беспрекорна кожа која изгледа како да е помината на фотошоп.

На прашањето за познати светски медиуми скоро сите од нив одговараат едноставно и исто- не употребуваат никакви ретиноли или пилинг маски, туку се придржуваат до „светото тројство“- розова вода, биодерми и кокосово масло.

Што тие користат за кожата да им биде таква одговори естетичарката Линзи Елингсон, која воедно се грижи за модели како Ирина Шајак, Миранда Кер и многу други.

1. Наместо класичното миење на лице наутро, тие користат тонер
Ако забележувате дека кожата ви е помасна од вообичаено и ви се појавуваат акни, тогаш сами сте виновни за тоа.
Со пречесто миење на лицето се уништува површинскиот слој на кожата и се губи природната масност што кожата ја создава, а токму тоа прави дисбаланс на кожата. Наутро користете само тонер, тоа ќе ја одржи ph вредноста и кожата нема да биде сува и масна.
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-1

2. Ја одржуваат тежината и одбегнуваат конзумирање на шеќери
Одржувањето на телесната тежина е од големо значење за балансот на телото, а особено тоа многу влијае на сјајот и здравјето на кожата. Внимателно и со внесувањето на шеќери во телото, бидејќи токму тоа понекогаш предизвикува брчки, акни и побрзо стареење.
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-2

3. Посетуваат редовно козметички салон
Еднаш во месецот задолжително посетувајте дерматолог кои ќе се погрижи да го исчисти лицто од митесери, кои доколку не се на време отстранети подоцна може да прераснат и во поголеми акни. Покрај тоа дерматологот ќе ве упати и информира за состојбата на кожата во моментот и ќе ви предложи препарати кои ќе влијаат на таа состојба. Односно, ќе ја негувате кожата со потребните состојки во дадени периоди од годината.
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-3

4. Понекогаш не користат крем со заштитен фактор
Ова сигурно ви звучи чудно зошто сите стручњаци го велат токму спротивното, но Линзи Еликсон инсистира дека кремата за сончање не е секогаш потребна.
„Многу луѓе не сфаќаат колку овие креми ги затвораат порите на лицето, особено кога заштитата не им е потребна“ вели таа. Ако знаете дека денес нема да излезете на сонце, тогаш без потреба не нанесувајте креми со заштитен фактор.
Ова не само што ќе го спречи појавувањето на акните, туку ќе може да добиете и здрава дневна доза на витаминот Д- а тоа е сонце.
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-975. Кожата им е хидратантна
Вода! Потребно е внесување на многу вода за хидратантна и здрава кожа. Важно е и целиот организам да е хидриран, бидејќи на тој начин ќе делувате здрави и ќе изгледате убаво и свежо.
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-98

6. Редовно вежбање
Ова сигурно го слушате од сите, но само пореди една причина- кога вежбате се здрави, кога сте здрави сте добро расположени, кога сте добро расположени сте среќни.

Како што велат, во здраво тело, здрав дух!
zenski-magazin-6-rutina-modela-za-savrsenu-kozu-99

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.