Како до совршена боја на коса без помош на фризер

0

Еве неколку совети кои ќе ви помогнат да заштедите време и пари, а најважно е тоа што ќе бидете задоволни со вашиот одраз во огледало.

Одберете ја нијансата што ви одговара, или пак доколку посакате драстични промени со вашиот изглед најдобро е прво да проверите дали се работи за вистинска нијанси, или пак тоа може да го оставите на вистинските стручни лица за коса.
Меѓутоа, ако сакате пак да ја осветлите косата 2-3 нијанси или пак да ја затемните, тогаш не е потребно да одите во салон, тоа може да го направите и дома.
zenski-magazin-beauty-kosa-kako-da-ofarbate-kosu-kod-kuce-bolje-nego-u-salonu-1 (1)

Следете ги следните чекори:
Поделете ја косата на прамени. Ова е важен совет за да добиете еднаква нијанса на косата.
Поделете ја косата на 4 еднакви делови, а потоа опфатете ја косата со пластична шнола. Овие 4 делови фарбајте ги по ред и со тоа ќе добиете еднаква боја. Ако вашата косата е долга и многу густа, тогаш може да ја поделите на 8 делови.
zenski-magazin-beauty-kosa-kako-da-ofarbate-kosu-kod-kuce-bolje-nego-u-salonu-1 (2)Препорачуваме фарбата да ја ставите во пластичен сад. Така на полесен начин ќе ја контролирате количината при фарбањето. Може да користите професионална четка за фарбање, а ако немате, тогаш користете обична четка за сликање или пак старата четка за заби исто така може да заврши работа. Особено внимание посветете на предниот дел на косата што паѓа на лице. Тука влакното е потенко.
zenski-magazin-beauty-kosa-kako-da-ofarbate-kosu-kod-kuce-bolje-nego-u-salonu-1 (3)
Почнете да ја бојадисувате косата од коренот и почекајте 15 минути, потоа продолжете со останатиот дел од косата.
Пред тоа може да ја навлажните косата или пак користете бадемово масло и потоа нанесете ја фарбата по целата должина на косата.
zenski-magazin-beauty-kosa-kako-da-ofarbate-kosu-kod-kuce-bolje-nego-u-salonu-1 (4)Доколку во текот на боењето или подоцна забележите дека бојата е премногу темна или светла, постои начин тоа да се поправи: помешајте малку шампон и прав за осветлување, а потоа нанесете ја смесата на влажна коса и убаво распоредете ја чешлајќи се. Почекајте неколку минути и потоа измијте ја косата- ќе забележите дека нијансата ќе биде посветла.
На крај, исфенирајте се и уживајте во вашата нова и свежа боја.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.