Како да се однесувате на забава ако Вие сте гостинот кој не е добредојден

0

Правилото го знаеме, кој не поканет и добредојден седи зад врата. Но, за жал во животот правилата поинаку функционираат. На секој човек може да му се случи да се најде на погрешно место и во погрешно време.

Можеби сте дошлe случајно на забавата, можеби некој ве поканил, но сфатил дека погрешил и му било непријано да ви каже, а вие не сте ги прочитале сигналите.

Штом се појавите на настанот, веднаш сфаќате дека не ве очекувале и не им пријатно што ве гледаат. Како? По следниве постапки:

-На врата се изненадуваат што ве видат

-Изнанадувањето трае цела вечер

– Забораваат да ве понудат со пијалак

– Не ве вклучуваат во разговорот без разлика што имате и Вие што да кажете

– Кога си одите никој не ве испраќа и не ви вика ‘чао’

Да бидеме реални, Вие не можете да влијаете многу на ситуацијата. Што и да направите, нема да ја промени ситуацијата. Затоа олеснете си и скратете ги маките – заминете си порано.

Но, ако одлучите сепак седите со сите тие луѓе, најдете си удобна позиција на столицата и забавувајте се сами.

not-welcome-doormat-israel

Можете да ги анализирате луѓето на забавата. Тоа знае да биде многу интересно, посебно ако не сте сфатени со разговор, а во ваква ситуација нема сигурно да бидете.

Послужете се пијачка и гледајте тоа да биде алкохол за да се опуштете малку и да Ви биде позабавно. Инаку, времето ќе ви поминува толку бавно што нема да знаете што да направите со себе.

Излезете надвор на воздух, можеби таму ќе запознаете некој многу поинтересен.

А штом дојде времето за заминување(после половина час) фатете го пријателот/пријателката за рака, оние кои ве повикаа по грешка и бегајте од таму. Вашиот добар помин е на некое друго место каде што сте посакувани и добредојдени.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

 

Остави коментар