Како да се однесувате кон критиките?

0

Кој од нас сака да биде критикуван или во друштво со лоши луѓе? Но, и со таквите ситуации може успешно да се справите.

Ви ги пренесуваме зборовите и советите на познатиот духовен лидер и основач на фондацијата Art of Living, Шри Шри Рави Шанкар, за критките и како треба да се однесуваме кон нив.

Кога вас некој ќе ве пофали дека убаво пеете, свирите на некој инструмент, рецитирате, танцувате или готвите, вие реагирате во зависност од ситуацијата и човекот кој ве пофалил.

Ако вас ве пофали вашето дете кое е малечко, тогаш тоа и не е толку сериозно, не го земате при срце, но ако вас ве пофали некој познат критичар, тогаш тоа е толку важна и голема работа работа.

А, вие сè уште сте онакви какви што сте биле пред некој да ве пофали.

На истиот начин, кога некој ви зборува дека не знаете да пеете или да танцувате или дека немате некој добар стил вашата реакција зависи од тоа кој ве искритикувал.

Ако тоа ви го каже вашето дете или најдобриот пријател, тоа и не е меродавно, бидејќи вкусот е дискутабилен, но доколку тоа го каже некој познат човек или моден стилист, тогаш ситуацијата е страшно лоша.

А, вие сè уште сте онакви какви што сте биле пред некој да ве искритикува.

Она што другите го фрлаат пред вас како неоснована критика, тоа е нивното ѓубре, а вие се фаќате за него. Не само што се фаќате за него, туку го ставате и на срце и со години прекопувате и чистите по него.

Отрфлете го туѓиот смет и немојте да му придавате значење.

Бидејќи вашиот живот е многу поважен од туѓото ѓубре!

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.