Како да преживеете напад од 10 најопасни животни на светот?

0

Експертите за преживување нè советуваат дека во момент на напад од слон треба гласно да викаме, никогаш да не му вртиме грб на лавот и никако да не остваруваме контакт со очи со леопард…

MailOnline Travel консултираше неколку експерти за преживување и водичи на сафари во Африка за тоа како се преживува при напад од опасно животно…

Лав
Остварете директен контакт со очи и не го прекинувајте. Многу полека оддалечете се. Никогаш не му свртувајте грб и не трчајте. Лавовите често прават еден или два обида пред навистина да нападнат трчајќи кон вас, но изненадно ќе застанат на еден или два чекора пред вас. Ако ова го направат, раширете ги рацете да изгледате што покрупно и правете што е можно поголема врева. Најчето ова ги тера да се предомислат и да избегаат.
03BB5E5A0000044D-3117010-image-a-25_1433862086692Леопард
За разлика од лавовите, со леопардот никако не оставрувајте контакт со очи, бидејќи тоа ќе го сфатат како предизвик. Останете мирни. Леопардот нема лажно да ве нападне. Ако ви пријде како лавот, обидете да изгледате што покрупно и направете врева.

Слон
Останете цврсто на земја и глумете дека сте храбри. Слоновите агресивно ќе ги дигнат ушите и ќе почнат да испуштаат звуци. Не се поместувајте. Тие секогаш прават еден или два обида да ве исплашат. Раширете ги рацете и викајте гласно.

elephantБизон
Трчајте колку што ве држат нозете и прифатете сигурен пораз. Бизонот не прави лажни потези и не дава предупредеување. Никогаш не може да побегнете од бизон ниту пак ќе победите во борба. Па, единствена опција ви е да се искачите на дрво и да го прелажете.

Нилски коњ
Нилскиот коњ може да постигне брзина од 13.4 м на час, така да, безнадежни сте. Најдобро е да трчате до најблиското скривалиште или да се качите на дрво.

Африкански диви кучиња
Помолете се бидејќи невозможно е да ве помилуваат. Олеснителна инфомација е дека ретко напаѓаат луѓе.
african-wild-dogs_441_600x450Кучиња
Трчањето не е опција бидејќи би морало да останете и да се борите во буквална смисла на зборот. Поставете ги рацете во тупаница и викајте на цел глас, никако не оставрувајте контакт со очи. Удирајте го, а ако ве собори на земја заштитете ги вратот и рацете. Ако носите некаква заштита, удрете го по очите.

Ајкула
Ајкулите генерално ќе ви пријдат од љубопитност или ако ве помешаат со некое животно.
Ако е возможно удрете ја по нос, бидејќи тоа им е најчувствителен дел до телото и може да ја натерате во секунда да си замнине. Имајте на ум дека се случуваат само 4 фатални напади од ајкула секоја година.
ajkulaКрокодил
Ако крокодил ве дофати имате нула проценти шанси да преживеете, освен ако не ве промаши. Во тој случај бегајте додека не започне со вториот напад. Ако забележите крокодил на копно, што е реткост, трчајте бидејќи корокодилот на копно може да развие брзина од 4.4 м на час.

Отровна змија
Ако се најдете блиску до змијата, повлекувајте се бавно наназад и променете го правецот. Ако ви изгледа дека ве прати, удирајте со ногата по земја за да создадете вибрации што би требало да ја избркаат. Ако ве касне, спуштете го загрозениот дел од телото за да успорите ширење на отровот низ крвните садови и веднаш обратете се кај доктор. Запомнете го изгледот на змијата за да може докторите веднаш да ви дадат против-отров.
500216472_16488126_8col

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.

Остави коментар