Како да препознаете копија на славните брендови на чанти

0

Нема поубаво отколку тоа кога ќе си ја купите посакуваната брендирана чанта која одамна сте ја посакувале. Но, кога ќе влезете во продавница мора секогаш да бидете внимателни оти многу често ќе се обидат трговците да ви продадат копија за иста цена како оригиналот. Има неколку работи на кои треба да внимавате.

Marc-By-Marc-Jacobs-Preppy-Leater-Natasha-Baglack-FJ687329Секогаш барајте ги внатрешните ознаки.На пример, Marc Jacobs чантите се специфични по гравираните букви RiRi или Lampo, кои ја потврдуваат оригиналноста на артиклот како и неговиот квалитет, а се наоѓаат на патентот на затворачот. Исто така, Louis Vuitton од 1980 година решија датумот на производство да биде втиснат некаде во внатрешноста на чантата.

Внимавајте на интернет лагите. Ако веќе купувате онлајн, тогаш тоа нека биде преку проверен извор. Убаво проверете ги коментарите под производот и бидете темелни во пребарувањето. Пробајте да најдете коментари од САД или Европа. Денес, 88.8 проценти од запленетата роба која е копија на оригинални брендови е од Хонг Конг, Кина.

Но, треба да знаете дека ако чанатата се продава на интернет не мора да значи дека копија. На e-bay многу често има винтиџ чанти, само треба да го најдете вистинскиот продавач.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.