Како да изгубите до 60% повеќе калории за време на тренинг

0

Без обзир на тоа во каква форма сте, со овие трикови ќе го забрзате слабеењето и полесно ќе стигнете до витко тело. Триковите се многу едноставни и лесно може да се имплементираат во секојдневниот тренинг. Што почесто ги практикувате, толку повеќе калории ќе потрошите.

Додека одите или трчате, мрдајте со рацете со кружни движења, ќе изгубите дури 15% повеќе калории. За поголем ефеткт може да го ротирате и струкот.

Слушањето музика може многу да влијае врз темпото на вежбање. Истражувањата велат дека доколку во текот на вежбањето ја слушате омилената музика, ќе потрошите дури 20% повеќе калории.

Подигањето на тежина, односно тегови во текот на вежбањето и повременото зголемување на истата драстично ќе ви го забрза метаболизмот и ќе потрошите дури 25% повеќе калории.

Ладната вода ќе ви ја зголеми енергијата и така ќе вежбате поинтензивно. Личностите кои пијат ладна вода на тренинг трошат 25% повеќе калории од оние кои пијат исто толку вода, но млака.

Многу подобро е да трчате на сонце и светлина во природа. Со вежбањето на свеж воздух ќе потрошите дури 10% повеќе калории, отколку кога вежбате во затворен простор.

Истражување во Австралија покажало дека жените кои имаат 3 интензивни тренинзи во текот на неделата од по 20 минути, имаат подобар резултат во слабеење отколку оние кои вежбаат почесто и подолго.

Истегнувањето на мускулите ве одржува флексибилни и нема да ви дозволи да изгледате набилдано. Истегнувањето треба да биде задолжително пред тренинг или аеробик и после тренинг.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот