Како да го најдете најдобриот работник и да го ЗАДРЖИТЕ

0

Често можеме да слушнеме за некој човек дека е “лош работник”, а многу поретко за некој дека е одличен. Тоа можеби доаѓа од човечката природа прво да се бараат мааните на луѓето, кои многу е полесно да се запомнат, за разлика од квалитетите.

Секако, овие мислења најмногу се базираат на лични ставови и впечатоци. Доколку еден човек не им се допаѓа многу на колегите според начинот на кој се однесува, тие за него ќе кажат дека не е добар работник, што реално не е вистина.

Како да се определи кој е добар работник?

Добриот работник има неколку специфични карактеристики во однос на неговото знаење и способностите кои ги поседува.

Тие сакаат повеќе. Ова се луѓе кои не се задоволуваат со минимум. Се радуваат на успехот, но секогаш веруваат дека можат повеќе. Тие се среќни само кога ќе напарават повеќе од тоа што се очекува од нив.

Поставуваат прашања. Тие сакаат да знаат се што е во врска со нивната работа. Не ги земаат фактите здраво за готово, туку сакаат да знаат како се одвува целиот процес. Што подобро ги разберат работите, толку повеќе ќе бидат успешни.

Имаат страст за работата. Се грижат за работата и ја чувствуваат како своја. Ова намногу ќе го препознаете по тонот на нивниот глас кога одговараат на прашањето каде работат.

Сакаат да ги поправат работите. Од овие луѓе не може да се очекува да појдат кај шефот и да разскажуваат за грешките на колегите, туку првото што ќе го направат е да го решат проблемот. Тие се грижат за доброто на компанијата и не им е примарно да се истакнат пред останатите.

Како да ги најдете овие луѓе?

Можете на своите вработени да им дадете за цел, самите да подготвуваат неделен план за својата работа. Однапред да ги утврдат своите цели и идеи. На крајот на неделата да ги споредите резултатите од планот и реализацијата.

Овие луѓе секогаш ќе го имаат надминато првиот план.

Имајте чести “еден на еден“ разговори. Така подобро ќе ги запознаете своите вработени и ќе ги чуете директно од нив нивните идеи. Вашиот најдобар работник ќе го препознаете по тоа што секогаш ќе зборува за иднината на компанијата. Што значи дека се грижи за просперитетот и себеси се гледа уште многу години како дел од неа.

Штом препознаете ваков работник, потрудете се да го задржите во својата компанија. Тие луѓе се ретки, и можат многу да придонесат за развојот на работата.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.