Јулија Таитс фотографира албино луѓе и вели: „Хипнотизираат со убавината“

0

Руската фотографка и графичка дизајнерка Јулија Таитс изработила неверојатна серија фотографии на албино луѓе, со една единствена порака – да покаже колку се неверојатни.

Серијата фотографии ја нарекла „Порцеланска убавина“. На нив има исклучиво луѓе кои имаат албинизам – наследена неспособност на организмот да го создава пигментот меланин.

capture4

Фотографката вели дека убавината на овие луѓе не се опишува со зборови и дека хипнотизира, а желбата да ги овековечи била посилна од сè што работела претходно.

Гледајќи ги фотографиите, не можеме, а да не се сложиме со неа.

capture6 capture3 capture2 capture1 capture

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.