Исплачи се, ќе ти биде полесно – го практикувате овој совет?

0

Советот “исплачи се ќе ти биде полесно” сме го слушнале многу пати. Генерално се согласуваме околу тоа дека на тој начин ни паѓа дел од товарот кој го носиме на душата.

Медицинското објаснување на оваа тема вели вака: Oткако мозокот ќе регистрира тажни чувства, почнува да реагира ендокриниот систем, кој во окуларниот дел на главата испушта одредени хормони кои ги активираат солзите. Кaко што одредени стручњаци веруваат, додека се луѓето под стрес овие супстанци се наголемуваат, а плачењето му помага на телото да се ослободи од токсините.

Инаку постои постојат рефлексни, емотивните и базални солзи. Рефлексните солзи се состојат во најголем дел, односно 98 % од вода, а во емотивните солзи се наоѓаат голем број на други супстанци со различна концентрација. Една од нив е пролактинот, кој е најпознат по тоа што има важна улога во создавање на млеко кај доилките. Тука се и адренокортикотропин хормони, кој укажува дека има зголемено ниво на стрес. Уште една супстанца која може да се најде во солзите е леуцин-енкефалин, невротрансмитер кој ја намалува болката и го подобрува расположението.

Емотивните солзи, за разлика од рефлексните, се појавуваат после некој иритација како чад, кромид или многу силен ветер.

Базалните солзи окоти ги создава за да не дојде до иритација и сушење, а содржат вода, хранливи материи и антибактериски компоненти.

Сè на сè, постои согласност околу теоријата дека плачењето е здраво, што го потврдува фактот дека во Јапонија за таа цел се организираат клубови за плачење каде луѓето се собираат, се пуштаат филмови со чувствителна тематика и почнува групното плачење, односно групната терапија. Активност која со години се покажува како позитивна и препорачлива.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот