Исидора Данкан, жената која остави трага во историјата

0

Исидора Данкан денес се смета за пионер на модерниот танц. Родена е во Франција, 1877 година како најмлада од четири деца во богато семејство.Набрзо по нејзиното раѓање, родителите се развеле, таткото го изгубил богатството, а таа останува да живее со мајка и и сестрите во сиромаштија. Сфаќајќи дека класичното образование е и силна страна, одлучила да го напушти училиштето и да држи часови по танц за да може да го издржува семејството.Инаку љубовта кон уметноста ја наследила од нејзината мајка која била пијанистка.

Во тинејџерските години заминува во Њујорк каде почнува професионално да се бави со танцот. Ја проучувала грчката култура, а наученото се обидувала да го имплементира во кореографиите на кои работела. Нејзиниот став бил дека класичниот балет забава за богаташите и се чувствувала ограничено во уметничкиот израз. Решава дека треба да си замине од Америка, ги пакува куферите и се сели во Лондон. Не погрешила во одлуката бидејќи Европа се покажала како поотворена, затоа и Исидора токму во Европа го остварува најголемиот успех. Во меѓувреме додека ја гради кариерата, отвора и школа за танц каде подучува млади луѓе кои таа нагалено ги нарекувала “Isadorables”.

ISADORA-DUNCAN

Сметала дека љубовта е најважната работа на светот. На своите ученици им зборувала дека тоа е единствената сила која го движи светот напред. Првпат во животот водела љубов на 25 години со унгарски актер. Имала две деца, ќерката Дидре и синот Патрик кои ги изгубила во автомобилска несреќа. После големата трагедија, таа убедила свој колега, вајар да и помогне да има дете, тој се согласил и Исидора повторно останала бремена. За жал, на породување го изгубила и тоа дете. После серија несреќни настани, се оддала на пијанство и боемство.

Во 1921 година го запознала Сергеј Јесенјин и нивната приказна останала запаметена како една од најголемите љубови на сите времиња која завршила несреќно за Исидора, бидејќи Сергеј ја оставил за друга жена. Починала во 1927 година во автомобилска несреќа додека се возела со својот тогашен љубовник.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.