ИНТЕРВЈУ Ксенија Николова – Искрено се надевам на успех

0

Јавноста ја познава Ксенија Николова како автор на три книги, но и како успешен текстописец. Од утре таа ќе донесе нешто ново во градот, место каде што ќе може да се пронајде секоја жена – „Две Шмизле“, познатиот белградски бренд за асесоари.

Доволно е човек да ги погледне вашите фотографии за да сфати дека сте девојка која обожава асесоари… А сега со „Две шмизле“ како да ги спојувате бизнисот и задоволството во едно… Во право сум?

Да, навистина сакам асесоари, особено за коса. Мислам дека во деталите е убавината и деа истите ја прават суштината на големите работи уште појасна и покомплетна. „Две Шмизле“ на моја огромна радост е нешто кое приватно го сакам и се надвам дека тоа ќе допринесе на целокупниот резултат. Одамна сакав нешто свое, се надевам на успех, искрено се надевам.

dve-smizle-1

Како е решивте на ваков чекор? Колку време Ви требаше да одлучите што точно сакате?

Долго време го планирав ова, но секако тоа не е доволно. Моето искуство допрва почнува, допрво ќе треба да се докажувам. Се надевам дека ќе биде добро. Ќе дадам сè од себе и ќе се посветам маскимално. „Две Шмизле“ ќе биде вистинско освежување за нашата земја по поглед на накитот.

Тешко ли беше да „падне договор“ за „Две Шмизле“ од Белград да дојдат и во Скопје?

Договорот со брендот беше процес кој не беше едноставен. Се случија доста промени, доста околности се променија, но ете, некако го дочекавме конечниот договор. Јас навистина сакав да донесам таков бренд овде бидејќи сметам дека имаше потреба од тоа.

20161215_164748__1482242989_46-217-108-155

Отворањето е оваа недела… Што ќе видиме во дуќанот? 

„Две Шмизле“ се отвора во среда. Ќе има голем избор на накит и мислам дека ќе има за сечиј вкус по нешто. Јас сум фокусирана на целиот процес и толку имам трема за тоа како ќе испадне сè, што немам време да мислам на себе, но секако дека многу од парчињата ми се допаѓаат и со задоволство би ги носела.

Какви се вашите очекувања?

Очекувам интерес од купувачите, навистина ќе се продаваат многу интересни парчиња накит. Очекувам да се случи една интересна приказна и народот да го запознае овој бренд подобро, иако повеќето веќе го знаат. Очекувам добри и позитивни реакции. „Две Шмизле Скопје“ ќе биде многу иновативен бренд кој постојано ќе го изненадува секој купувач и ќе ја цени нивната лојалност.

dve-smizle-2__1482243009_46-217-108-155

 

Дали сметате дека самата можете да бидеш најдобриот промотор на тоа што го нудите?

Јас секако дека ќе бидам промотер на брендот но очекувам дека и сите наши клиенти ќе бидат истото. Овој бренд е бренд на народот и сакам сите да го чувствуваат како свој.

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.