Имате проблем со хемоглобинот? Следните намирници ќе ви помогнат да го подобрите

0

Хемоглобинот е од витално значење за организмот, бидејќи ниското ниво може да предизвика анемија и останати проблеми со здравјето. Станува збор за протеин кој се наоѓа во црвените крвни клетки и е одговорен за транспорт на кислородот по целото тело.

Со оглед на начинот на живот кој го имаме денеска, се чини се потешко да се одржи здравото ниво на хемоглобин во крвта. Така, луѓето штом направат крвна слика и ги добијат резултатите, веднаш посегнуваат таблети кои ќе им помогнат да го регулираат проблемот.

Но, постои природен начин да се стори тоа, преку исхраната.

Која храна ќе ви помогне да го зголемите и одржите нивото на хемоглобин во крвта?

 

Калинка

Ова овошје е едно од најздравите бидејќи организмот има голема корист од него. Содржи високо ниво на витамин Ц, кое ја зголемува апсорпцијата на железото во крвта. Бобинките од калинката можат да се јадат во неограничени количини, а од нив може и да се направи сок. Една чаша сок од калинка дневно е одличен мотиватор за зголемување на хемоглобинот.

Суво грозје

Сувото грозје содржи железо, а тоа е потребата на организмот кога се намалува хемоглобинот. Може да се консумира со овесни снегулки или со овошен јогурт.

Цвекло

Не е тајна дека повеќето спортисти пијат сок од цвекло за да го задржат виското ниво на хемоглобин во крвта. Советот е да се искористи предноста на овој зеленчук, бидејќи една чаша цвекло содржи 1,1 мг железо.

Урми

Урмите ја подобруваат состојбата на срцето и го намалуваат ризикот од дијабетес. Тие исто така го зголемуваат нивото на хемоглобин бидејќи содржат железо. Треба да се јадат умерено и без претерување.

Црница

Уште едно здраво овошје на кое забораваме, тоа е црницата. Имаат протеини и влакна кои ги прават совршен избор ако сакате да изгубите тежина и да го зголемите нивото на хемоглобин.

Тиква

Можеби периодот на тиквата помина, но не е на одмет да се знае дека таа е богата со витамин Ц кој како што кажавме погоре помага во апсорпицјата на железото. Посебна коритс имаме од семките кои содржат железо и протеини.

Јапонско јаболко

Јапонското јаболко е многу вкусно овошје кое во себе има хранливи материи потребно за зголемување на хемоглобинот, а тоа се железото и витамин Ц. Со ова овошје треба да знаете дека не смеете да претерувате, само умерено.

Суви сливи

Овошје кое може да се најде во кој било период од годината. Тие ја поправаат крвната слика, но исто како и со јапонското јаболко не треба да се претерува бидејќи може да направат пробелми со дигестивниот систем. Содржат големо колочество влакна. Според колилината на железото која ја содржат го зголемуваат производството на хемоглобин.

Мешункасти прозводи

Леќа, грав , грашок, боранија и другите намирници се богати со железо и се препорачуваат во секојдневната исхрана.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.