ИМАЈТЕ РАНДЕВУ СО ВАШАТА ПЕРНИЦА, ПРЕД ДА ЈА ОДНЕСЕТЕ В КРЕВЕТ

0

За тоа дека квалитетниот сон зависи од душекот на кој спиеме, многу и често се зборува, но една работа се занемарува: дека за квалитетен сон е еднакво важна и перницата!

Постојат навистина многу видови на перници, но важно е да ја одбереме онаа што ќе ни овозможи опуштање и добар одмор во текот на ноќта.

Колку често сте се разбудиле со вкочанет врат, болки во грбот и во карлицата, џангризави и нервозни, па сите се виновни за вашето расположение? Но, треба да знаете дека никој не е виновен, освен вашата перница!

Сите сакаме да се наспиеме добро, но кога бираме нов кревет, размислуваме за дизајнот, величината, за душекот, но ретко кој обрнува внимание на перницата. Во основа, кога бирате перница, треба добро да размислите како спиете.

Доколку спиете на грб, потребна ви е перница со средна тврдина, која го става вратот, главата и карлицата во неутрална положба, како на пример Good Morning/Night класичната перница, која е соодветна за оние што спијат на грб, но и сите типови на спијачи.Aтрактивна, класична и хипоалегена, изработена од топли материјали кои дишат, оваа перница може да се употребува во текот на целата година.

Доколку спиете на стомак, одберете ја класичната перница Мемосан Класик изработена е од 100% мемори пена – цврст, но удобен материјал кој целосно се приспособува на температурата на вашето тело. Гарантира мирен и релаксиран сон, без истегнати мускули и болки во вратот и грбот.

Доколку спиете на страна, одберете перница што е доволно цврста да ви даде поддршка на главата, вратот и рамената, како True Evolution перницата. Оваа нова револуционерна перница од Дормео е комбинација на удобноста на мемори пената и поддршката на Ecocell® пената. Таа е направена со револуционерната Octaspring® технологија на Дормео и уникатната структура на саќе, која нуди 8х поголема циркулација на воздух од традиционалната пена. Вака добивате поладна, посува и похигиенска површина за спиење.

Она што треба да знаете е декане одговара истата перница секому и не е важно само убаво да изгледа, затоа имајте рандеву со вашата перница, пред да ја однесете в кревет. Разгледајте го најголемиот избор на перници со дури -50% и одберете ја онаа што најдобро ќе влијае на вашиот сон и на здравјето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.