Имајте блескав сјај и здрава кожа со маската Instamud на Glam Glow

0

Сакате чисто лице, убава и сјајна кожа која ќе блеска и ова лето?

Во тој случај, време е за магијата на Glam Glow.

Instamud е пенаста маска за лице од Glam Glow која за 60 секунди ги чисти порите, го балансира тонот на кожата и ја измазнува, а вие го чувствувате тоа веднаш.

Во својот состав содржи репка, лешник и алое вера, состојки кои ја зајакнуваат кожата и ви даваат секси и блескав сјај.

Глината е во функција на чистач за лице, односно прави детоксикација на тој начин што ја впива маснотијата, а кожата станува мека и мазна.

Како се користи?

Се нанесува голем слој на сува, чиста кожа без триење. За кратко, маската се трансформира во меурчиња со кислород. Се остава да делува кислородот 60 секунди, а потоа се плакне со топла вода.

Се препорачува 2 до 3 пати неделно или пак кога ќе чувствувате потреба за освежување на лицето.

Побарајте ја Instamud на Glam Glow и кожата ќе ви биде благодарна ова лето.

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот