Има и тоа: Им плаќаат на вработените да одат на одмор

0

Замислете да работите за компанија која ќе ви плаќа да одите на одмор. И тоа не редовната плата, туку дополнителни финансиски средства за да заминете на одмор(читајте ви го плаќа одморот во целост).

Да, го има и тоа. Американската компанија “FullContact”на своите вработени им нуди 7.500 долари за одмор со еден услов: работниците додека се на одмор мораат да стојат настрана од електронски уреди и подалеку од работата.

Извршниот директор на компанијата Барт Лоранг објаснува дека ваквиот пристап има бројни предности.

“Голем дел од нашите вработени се прилично опуштени кога ќе вратат. Многу е важно да се оддалечат од социјални мрежи и телефони. Тие по цел ден се ‘врзани’ со машини што влијае на можноста да се искуси во целост убавата страна на животот” – вели тој.

Можеби ќе ви изгледа чудно, но голем дел од луѓето не сакаат да се откажат од телефонските уреди. Едно истражување покажа дека испитаниците побрзо би се откажале од милениците, отколку од мобилниот телефон.

Но, во секој случај понуда за одмор од соништата од компанијата каде што работите не е нешто кое се пропушта, зар не?

При објавување на материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.