Голем хуманитарен настан во Mr.I, Охрид

0

Да помогнеме таму каде што е најпотребно! Да му помогнеме на семејството Садик од Охрид чија куќа беше целосно опожарена и уништена!

Хумано е да се подаде рака…Ајде сите да подадеме рака таму каде што е потребна нашата помош.

На 14 јануари, сабота, ќе се одржи целодневен настан кој ќе почне во 14 часот во Mr.I во Охрид. Целта е да се соберат што повеќе средства за семејството Садик.

На настанот ќе настапат повеќе бендови и диџеи: The Backdoor Band, Ѓоко Танески, Betty`s Boobs, Богдан Василески, Даниел Јовески, Анита Мицова, Андреј Нически, како и DJ Јуксел, DJ Јане, DJ Face, DJ Гец, DJ Марио, DJ Јовче и DJ Тони.

Сите парични средства од остварениот промет ќе бидат донирани на семејството Садик.

15970392_10154850548851192_732385778_n

Ве очекуваме заедно да помогнеме!

Дополнителна трансакциона сметка за помош:

Назив и седиште на примачот: Музафер Садик ул. Даме Груев 136, Охрид

Банка на примачот: Охридска Банка

Трансакциона сметка: 530500020258795

Шифра: 562

Бидете хумани!!!

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот