Фотографии кои ја менуваат перцепцијата кон различното

0

Британска добротворна организација за лица со  потешкотии во учењето лансираше прекрасна серија од фотографии кои зрачат со надеж за промена на начинот на кој општеството ги доживува луѓето со пречки во развојот.

Фотографиите се со потпис на модниот фотограф Ранкин, кој ги фотографира Мадона и Кралицата на Велика Британија, Елизабета II.

l1

Истражување направено во 2002 година од „Mencap“ и „Ipsos MORI“, покажало резултати  каде повеќето луѓе се изјасниле оти не веруваат дека луѓето со попреченост се ‘товар’ на општеството, а 40 % рекле дека не се сигурни.

6% од испитаниците изјавиле дека се чувствуваат неудобно ако треба да користат ист базен за пливање со некој кој е различен од нив.

Факт е дека луѓето различни од останатите секогаш предизвикуваат различни реакции кај луѓето. Додека едни не знаат како да се однесуваат, други сосема слободно ги прифаќаат како дел од нивниот круг на пријатели.

За жал, тоа вистината со која се соочуваме. Но, следниве неколку фотографии се полни со живот и енергија која пркоси на стереотипите во општеството.

l2

27 годишниот Џо Пиачак има Даунов синдром

l3__1477412589_77-28-146-143

33 годишната Елен Гуди е актерка, модел, музичар и вработена во организација за лица со Даунов синдром

l4

Естер Флечер и партнерот Ричард Лоренс, двајцата се лица со пречки во развојот

При објавување материјали од порталот www.hybread.mk во друг медиум, задолжително наведете го изворот од кој е преземен текстот.